Македонија
Грција – на маса е „конечно добар предлог“ за името
Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката
Официјална Атина во „Република Северна Македонија“ гледа „конечно добар предлог“, кој медијаторот Метју Нимиц најпосле го ставил на преговарачката маса со Скопје.
Ова, како што пренесува Макфакс, го оценил грчкиот амбасадор во Вашингтон Алкександрос Маљас, зборувајќи на конференција за американската политика на Балканот.
„Најпосле во преговорите со Скопје околу разликите за името на северниот сосед на масата е ставен добар предлог“, изјавил Маљас, додавајќи дека официјална Атина се залага за името „Република Северна Македонија“.
Маљас зборувал на конференцијата „Довршување на американска мисија на Балканот“, одржана синоќа во влијателниот невладин Центар за стратешки и меѓународни студии (CSIS) во Вашингтон.
На конференцијата учествувал и македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски.
Главната порака испратена од собирот е дека САД треба да го задржат својот ангажман во југоисточна Европа, во интерес на стабилноста, развојот и интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и ЕУ.
„На подрачјето на западен Балкан моментно владее мир, но повеќето земји се уште се надвор од двата потпорни столбови на Западот – НАТО и ЕУ. Потенцијалните сценарија за нестабилност налагаат потреба од реконфигурирање на улогата на САД и ЕУ, особено на планот на регионалната сигурност и економскиот развој“, оцени Јануш Бугајски од CSIS.
Посочувајќи дека САД сега имаат многу поважни приоритети од Балканот, Даниел Сервер од американскиот Институт за мир, оцени дека ЕУ треба што поскоро да ги прими во членство балканските држави.
„Потребна ни е заедничка акција на САД и ЕУ и ја повикувам Унијата што е можно поскоро да ги прими сите балкански земји, кога тие ќе ги исполнат условите“, наведе Сервер. /крај/вх/ ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

