Македонија
ЗНМ најави протест поради судската пресуда на новинарка
Протест за заштита на достоинството на новинарите најави Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), поради судска пресуда за “клевета“ на новинарка
Протест за заштита на достоинството на новинарите најави Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), поради судска пресуда за “клевета“ на новинарка на А1 за истражувачка сторија објавена во 2007 година.
“ЗНМ е подготвено, во консултација и со широка поддршка на колегите од сите медиуми, да го примени можеби најнепопуларното, но со оглед на настаните, нужно и неопходно средство за заштита на достоинството на новинарите и на професијата Правото на јавен протест“, се наведува во соопштението.
ЗНМ најавува дека ќе ги користи сите демократски средства и механизми што се на располагање да се спротивстави на ваквиот однос на судиите и судовите кон новинарите.
“На ваквите еднаш, засекогаш, цврсто и одлучно мора да им се каже – Доста беше. И премногу е. Го претеравте“, се додава во соопштението.
Новинарката на националната телевизија А1 Менче Атанасова-Точи доби судска пресуда за прилози за експлоатирани пациенти од психијатриската болница Бардовци.
“Не бев ниту повикана на рочиште, ниту знаев дека некој ме тужи, сега дознав. Треба еднаш засекогаш да се стави крај на вакво призволно и лаичко судење“, изјави Точи за Макфакс.
Таа додаде дека за случајот се информирани сите релевантни меѓународни институции, вклучително и Хелсиншкиот комитет за човекови права, а Народниот правобранител отворил предмет за овој случај.
Точи, во 2007 година, објави истражувачки стории за експлоатација на трудот на пациенти од душевната болница Бардовци, односно нивен ангажман без надомест преку фирмата “Работа за вас“.
Македонија е една од ретките држави во регионот каде делото “клевета“ се уште правно се третира како кривично дело./крај/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

