Македонија
Заедно македонското и европско знаме
Македонското и европско знаме денеска ќе се развеат на врвот на Водно, по повод Денот на европското знаме
Македонското и европско знаме денеска ќе се развеат на врвот на Водно, по повод Денот на европското знаме.
Настанот ќе се одвива во рамки на активностите што започнуваат по повод одбележувањето на Денот на Европа-9 мај.
“Местото на балканските држави е во ЕУ, а времето зависи од брзината на реформите“, изјави вчера во Скопје, евроамбасадорот Ерван Фуере, најавувајќи ги манифестациите што Канцеларијата на ЕУ во Скопје заедно со своите партнери ги организира по повод одбележувањето на Денот на Европа.
Покрај централниот мултимедиумски настан што ќе се одржи на деветти мај во Тетово, најавени се и атрактивната трка на келнери и келнерки, Скопскиот маратон, како и популарниот танц на матурантите.
Во рамките на одбележувањето на Денот на Европа ќе се одржи и Европскиот ден на претприемачот, како и Европски собири во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани и Куманово.
Годинава, со Денот на Европа се одбележуваат 5-годишнината од најголемото проширување на ЕУ и 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид./крај/мп/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од Бутел, Чучер Сандево и Илинден денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден.
– Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата 18 броеви од 30 до 40, улицата Радишанска броеви од 40 до 70, во општина Бутел.
– Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Мирковци во општина Чучер Сандево.
– Во период од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата од Мршевци кон Бујковци во општина Илинден.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.