Македонија
„Мексиканскиот грип“ не болест на свињите
Употребата на терминот „свински грип“е потполно неисправна и се препорачува употреба на терминот „северноамерикански грип“ (North American influenza)
Употребата на терминот „свински грип“е потполно неисправна и се препорачува употреба на терминот „северноамерикански грип“ (North American influenza)
Ова денеска го соопшти Групацијата на производители на свинско месо и Групацијата на производители на преработки од месо при Стопанската комора на Македонија, додавајќи дека некои болеста ја нарекуваат и „нов“ или „мексикански грип“.
Ваквиот апел на групацијата се темели врз извештајот на Светската организација за здравје на животните (OIE), според кој вирусот од типот A/H1N1 до овој момент не е изолиран кај свињите, или други животни, туку само кај луѓето.
Според препораките на истата организација, непотребно е воведување на специфични мерки во интернационалната трговија на месо и може да се смета дека конзумирањето на производи од месо е безбедно.
„Конзумирањето на свинско месо и преработките од истото во Македонија во целост е безбедно“, се вели во апелот.
Од Групацијата посочува дека до сега воопшто не се дискутирало за економскиот удар од новата болест, додавајќи дека прометот со свинско месо во Македонија е опаднат за 50 отсто, а производителите веќе трпат огромни загуби.
Иако во моментот нема доказ за пренос на тој вирус, забраната за увоз на живи снињи како превентивна мерка оставува, наведува Ветеринарната управа на Македонија. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

