Македонија
Македонскиот идентитет не зависи од пропагандни книги
Македонскиот идентитет не зависи од промоција на спонзорирани пропагандни книги, туку од чувството на македонскиот народ, кое јасно го покажува
Македонскиот идентитет не зависи од промоција на спонзорирани пропагандни книги, туку од чувството на македонскиот народ, кое јасно го покажува во годините наназад како едно од нашите обележја.
Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање да ја коментира промоцијата од неговата грчка колешка Дора Бакојани на книгата „Македонското прашање и Бугарија – тајни документи (1950-1967)”.
Книгата во која се негира македонската ,самобитност, издадена од грчкиот „Центар за македонски истражувања“ и Државниот архив на Бугарија, синоќа беше промовирана од Бакојани во Воениот музеј во Атина.
Милошоски, како што соопшти Владата, истакна дека „Македонија има желба и подготвеност да се постигне разумен компромис со Грција, со цел да се надмине овој ирационален спор и регионот да може заеднички да се движи кон поголема соработка и стабилност“.
Тој информира дека по претседателските и локалните избори, испратен е сигнал до посредникот на ОН Метју Нимиц дека е добредојден во Македонија, а истото се очекува да го направи и Грција.
Милошоски ова го изјави на денешната заедничка прес конференција по средбата со заменик-помошникот на генералниот секретар на Алијансата за безбедносна соработка и партнерство, Роберт Симонс.
„Македонија е квалификувана за членство на НАТО што ќе се случи кога ќе се најде решение за разликите околу името со Грција. Тоа останува позицијата на НАТО“, изјави Симонс./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

