Македонија
Влошен кредитниот рејтинг на Македонија
Агенција „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија и изрази загриженост од влошување на надворешната ликвидност
Агенција „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија и изрази загриженост од влошување на надворешната ликвидност, што би можело да доведе до напуштање на фиксниот курс.
Големиот дефицит на тековната сметка на Македонија и намалувањето на надворешно финансирање се заканува значително да ги намали државните резерви, оцени аналитичарот на „Стандард и Пурс“, Каи Штукенброк.
Тој додаде дека фиксниот курс на денарот кон еврото би можел да биде поткопан, а присиленото обезвреднување на домашната валута лошо ќе се одрази врз економијата.
Штукенброкне ја исклучи можноста „Стандард и Пурс“ дополнително да го намали кредитниот рејтинг на Македонија, ако индикаторите за надворешна ликвидност и девизните резерви се влошат.
„Стандард и Пурс“ го намали „долгорочниот рејтин во странска валута“ од ББ+ на ББ, додека „долгорочниот рејтинг во домашна валута“ е намален на ББ+ од БББ- со негативен изглед.
Агенцијата исто така го ревидираше и рејтингот за наплата на побарувањата на македонскиот надворешен долг на 3 од 2. /крај/со/ап/мп/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

