Македонија
Македонското новинарство делумно слободно
Македонија во почитувањето на слободата на медиумите се најде на 98 место, меѓу делумно слободните земји, се наведува во извештајот на „Фридом Хаус“
Македонија во почитувањето на слободата на медиумите се најде на 98 место, меѓу делумно слободните земји, се наведува во извештајот на „Фридом Хаус“.
Македонија со добиената вкупна оценка 47, го дели 98 место заедно со Босна и Херцеговина, од вкупно 195 држави рангирани во извештајот на непрофитната организација со седиште во Вашингтон.
Извештајот го проценува степенот на слобода на печатените, електронските медиуми и интернетот, а оценките се темелат врз законската, политичка и економска средина во која што работат новинарите.
Македонија за правно (законско) окружување ја доби оценката 12, за политичко 19 и за економско 16, со што се добива вкупната бројка 47.
Според извештајот, кој е објавени спроти Светскиот ден на слободата на медиумите 3 мај, 70 држави (36 отсто) се рангирани како слободни, 61 (31 отсто) како делумно слободни, а 64 (33), како неслободни земји.
Најголем пад во 2008 година бележат израел, Италија и Хонг Конг, кој од слободни, преминаа во делумно слободни земји, а извесно назадување бележат и земјите на централна и источна Европа и на поранешниот Советски сојуз.
Најдобро рангирана држава во регионот е Словенија, која е оценета како слободна. Следат Бугарија која е рангирана на 76 место, Црна Гора (78) , Хрватска (81) и Албанија (101).
Првите пет места на листата ги заземаат Исланд, Финска, Норвешка, Данска и Шведска, додека последни се Мјанмар, Туркменистан и Северна Кореја.
Според извештајот, само 17 отсто од светската популација живее во држави, во кои медиумите уживаат целосна слобода. /крај/ап/ам
Copyright 2009 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

