Македонија
Протест на новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на печатот денеска ќе организира протест во центарот на
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на печатот денеска ќе организира протест во центарот на Скопје.
Протестот ќе започне во 11:30 пред просториите на ЗНМ, по што ќе следи дефиле по улиците до плоштадот Македонија.
Целта на протестот е да се крене гласот против лошата состојба на македонското новинарство воопшто, за пресудите, за притисоците, за политичките влијанија, за платите и друго.
Македонија во почитувањето на слободата на медиумите се најде на 98 место, меѓу делумно слободните земји, се наведува во извештајот на „Фридом Хаус“./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“ оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани

Претставниците на коалицијата „Влен“ одржаа почит во чест на трагично изгубените животи во Кочани.
„Во општините каде што раководиме, со длабока болка и голема почит, со молчење се поклонивме да ја изразиме нашата солидарност со семејствата на жртвите и со сите погодени од оваа трагедија. Оваа катастрофа го потресе секое срце и го допре секое семејство, без разлика на нашата етничка припадност или на јазикот што го зборуваме. Денеска сме обединети во болка и во спомен на оние кои повеќе не се со нас. Ова е момент кој не потсетува на вредноста на животот и важноста на меѓусебната поддршка во тешките денови“, велат од „Влен“.
Во овие моменти на жалост, додаваат, нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите и со сите оние кои се соочуваат со последиците од оваа трагедија. „Влен“ стои покрај нив, споделувајќи ја болката и силата да се справи со оваа тешка загуба.
„Нашата коалиција се води од принципот на солидарност и хуманизам и во овие тешки моменти ја потврдуваме нашата посветеност да бидеме блиску до граѓаните, не само во моменти на радост, туку и во моменти на тага“, се додава во соопштението на коалицијата.
Македонија
Извлечени две лица од Чешка кои заглавиле во снежен нанос на Галичица

Вчера во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош.
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки Св.Наум, претставник од Национален парк Галичица и планинарска спасителска служба на Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата Свети Ѓорѓија биле пронајдени J.C.(35) и O.В.(32), двајцата од Чешка Република.
Со нивниот кампер „мерцедес“ со чешки национални ознаки, тие биле извлечени од снежниот нанос.
Македонија
МНР: Трошоците за превоз и сместување за семејствата на македонските пациенти кои се лекуваат во странство се целосно покриени од Владата

Во изминатиот период на социјалните мрежи се појавија бројни информации поврзани со обезбедувањето сместување за семејствата на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, кои во моментов се лекуваат во странство.
Ја информираме јавноста дека трошоците за превоз и сместување за нив се целосно покриени од Владата на Република Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата. Воедно, ги повикуваме семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.
Дополнително, сите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за обезбедување потребната логистичка поддршка во земјите каде што се лекуваат пациентите. Контакт-листата со телефонски броеви е објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а на располагање се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Оперативниот штаб формиран за оваа намена, е во постојана комуникација со сите надлежни институции, вклучително и со дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.
Солидарноста и одговорноста се клучни во вакви моменти, затоа апелираме до граѓаните да се воздржат од споделување непроверени информации, со цел да се спречи понатамошно ширење на дезинформации.