Македонија
Криминалот лани се зголемил за 5 насто

Пријавениот криминал во Македонија лани се зголемил за 5,07 насто во однос на 2007 година, се наведува во годишниот извештај од работата на јавните
Пријавениот криминал во Македонија лани се зголемил за 5,07 насто во однос на 2007 година, се наведува во годишниот извештај од работата на јавните обвинители доставен до Собранието.
Според извештајот лани биле регистрирани 37.577 сторители на кривични дела, што е за 1.906 повеќе во однос на претходната година.
Бројот на полнолетни сторители на кривични деле се намалил за 1.174 лица, додека бројот на малолетни сторители е зголемен за 11,42 насто, а бројот на непознати сторители пораснал за 17,6 проценти.
Основните јавни обвинителска во текот на минатата година решиле пријави против 16.167 лица или 75,3 насто, а нерешени останале пријави против 6.299 лица, по кои се постапува.
Отфлрени се 23,1 насто од кривичните пријави, а од поднесените, 90,7 насто завршиле со осудителна пресуда.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција лани го зголемило обемот на работа за 91,15 насто во споредба со 2007 година.
Јавните обвинителства имаат недостиг од човечки ресурси, а голем дел од нив немаат сопствен простор, за што во извештајот предлагаат изградба на посебна зграда до коплексот судски згради во Скопје./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.
Македонија
„СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС штити насилство. Осудата која ја изразија е само декларативна и колку да ја замачкаат јавноста и она што сите го видовме. Советникот на Филипче повреди жена, а ова е данокот на омразата и злоупотребите кои СДС ги прави во Кочани и злоупотребите со трагичните судбини на жртвите од пожарот во Пулс“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат СДСМ да го исклучи од Советот, а Венко Филипче јавно да се огради од својот советник.
„Советникот на Филипче повреди вработена во општина Кочани. И тоа е голем инцидент. Жално е на какви ниски гранки падна СДС“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
МЕПСО и КОСТТ потпишаа меморандум за соработка за изградба на нова интерконекција Тетово-Призрен

Во Скопје денеска, првите луѓе на електропреносните оператори на С.Македонија и на Косово, доц.д-р Бурим Љатифи од АД МЕПСО и Шабан Незири од КОСТТ, потпишаа меморандум за соработка за зајакнување на прекуграничната соработка и развој на електропреносната мрежа.
Особен акцент Меморандумот става на стратешкиот проект за изградба на нов 400 kV интерконективен далекувод од Тетово до Призрен кој е во согласност со целите на ЕУ за енергетска транзиција до 2050 година и е номиниран како кандидат за зголемување на преносните капацитети преку европската планирачка платформа на ENTSO-E.
Во моментов, Северна Македонија и Косово имаат само една интерконекција, но според анализите на ENTSO-E, во регионот на Југоисточна Европа, потребно е значително зголемување на преносните капацитети, барем двојно, а во некои случаи и повеќе.
Проектот вклучува и дополнителни инвестиции во домашната преносна мрежа, како изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Тетово и нови 400 kV далекуводи од Тетово кон Охрид и кон Скопје.
„Потпишувањето на меморандумот е значаен чекор во зајакнување на нашата регионална соработка и развој на електропреносната мрежа. Проектот за 400 kV далекувод Тетово- Призрен не само што ќе го зголему капацитетот и сигурноста на системот, туку ќе овозможи и поголема размена на електрична енергија, поттикнувајќи нови инвестиции во ОИЕ“, рече Љатифи.
Во однос на придобивките, и Љатифи и Незири се согласија дека проектот за двете држави и регионот ќе креира регионална преносна инфраструктура со повисок капацитет, поголема прекугранична размена на електрична енергија, зајакнување на енергетскиот коридор Исток-Запад, подобрена сигурност и флексибилност на системот и поттик за нови инвестиции во ОИЕ.
„Овој меморандум ја потврдува соработката меѓу Косово и Северна Македонија и нашата заедничка посветеност кон создавање модерна и сигурна енергетска инфраструктура. Со овој проект ја јакнеме енергетската поврзаност во регионот и придонесуваме кон постигнување на енергетските цели на Западен Балкан“, додаде Незири.
Во моментов проектот е во фаза на планирање и техничка подготовка, а почеток на изградбата ќе зависи од обезбедување на финансиски средства и од потребните усогласувања со сите засегнати страни.