Македонија
„Доста е !“ – протест на новинари во Македонија
„Доста е!“ е мотото на мирниот протест на новинарите во Македонија, што се одржа денеска напладне на централниот плоштад во Скопје
„Доста е!“ е мотото на мирниот протест на новинарите во Македонија, што се одржа денеска напладне на централниот плоштад во Скопје.
Новинарите од протестот упатија Декларација со барања до судската власт, политичките фактори и до сопствениците на медиумите со предупредување дека доколку тие не бидат исполнети ќе биде организиран нов, порадикален протест.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е организатор на протестот, а претседателот Роберт Поповски, на собирот предупреди дека се водат над 160 судски спорови против новинари и дека висината на казните што досега се изречени надминува 250 илјади евра.
Од протестот се упатени предупредувања и до политичките фактори кои, на разни начини настојуваат, и за жал, успеваат од новинарите и гласилата да направат свои послушници и „мегафони“.
Новинарите во Македонија со просечна плата од околу 250 евра се најслабо платени во споредба со колегите во државите од регионот. До сопствениците на медиумите беше упатено барање за зголемување на платите и за подобрување на условите за работа.
На протестот, на плоштадот Македонија во Скопје, присуствуваа околу 200 новинари, иако, како што беше речено, во некои редакции имало притисоци новинарите да не учествуваат на протестот. /крај/ р
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

