Контакт

Македонија

Американски конгресмени за праведно решение за името

Објавено пред

Петнаесет американски конгресмени, поддржувачи на Македонија, бараат да се постигне „брзо и праведно решавање“ на грчко-македонскиот спор за името

dobivaj vesti na viber

Петнаесет американски конгресмени, поддржувачи на Македонија, бараат да се постигне „брзо и праведно решавање“ на грчко-македонскиот спор за името.

„Ќе работиме со вас во иднина, за да се постигне брзо и праведно решавање на многу прашања, како што е спорот со името со цел да се обезбеди стабилност, просперитет и правичност за сите луѓе во регионот“, наведуваат конгресмените во писмото упатено до државниот секретар Хилари Клинтон.

„САД мора да продолжат да ги охрабруваат нашите пријатели Грција и Македонија да седнат заедно и да постигнат договор за заедничка патека кон мир, стабилност и партнерство во развојот на јужниот Балкан“, пишуваат конгресмените.

Македонија за овие членови на Конгресот е еден од најверните американски сојузници и партнери. Тие бараат новата американски администрација да го земе предвид придонесот на Македонија во стабилизацијата на јужниот Балкан, како и придонесот кон целите на американската надворешна политика во Авганистан, Косово и на Блискиот исток./кра/с/ил



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Вучиќ во посета на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани

Објавено пред

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе ги посети повредените од пожарот во дискотека во Кочани, соопшти Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Србија.

dobivaj vesti na viber

Тој ќе ги посети повредените во 15 часот во Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Во Србија синоќа од Македонија пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.

Прикажи повеќе...

Македонија

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Објавено пред

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле Гоцевски кој почина по тешкиот работен ден, превезувајќи ги жртвите од пожарот.

dobivaj vesti na viber

„Утрово нè напушти уште едно срце, возачот на Итната медицинска помош од Кочани, Иле Гоцевски, човек кој беше на првата линија на оваа страшна трагедија, човек кој одговори на повикот за спасување, но неговото сопствено срце не издржа. Некои болки се преголеми. Некои загуби се премногу тешки за да се носат“, вели Таравари.

За трагедијата министерот вели дека тоа е рана што ја носи целиот народ.

„Тагата за 59-те млади животи згаснати во пожарот во Кочани се чувствува во секој дом, на секоја улица, во секое срце. Денес плачеме како едно. Никој не може да остане имун на ваква загуба.  Во овие моменти, кога зборовите не се доволни, се поклонуваме пред сите лекари, медицински лица и спасувачи кои без двоумење ги вложуваат своите животи за да спасат туѓи. Оваа трагедија уште еднаш ни покажа дека нивната работа не е само професија, тоа е жртва, тоа е храброст, тоа е човечност. Нека почива во мир нашиот медицински херој. Нека почиваат во мир младите чии соништа згаснаа прерано. Никогаш повеќе да не доживееме ваква сурова реалност“, додаде Таравари.

Прикажи повеќе...

Македонија

На дел од присутните им се слоши, беше повикана брза помош: Прекинат заедничкиот час на студентите и средношколците во знак на почит кон загинатите во пожарот

Објавено пред

Со седумминутен молк точно напладне почна собирот на студентите и учениците од средните скопски училишта пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде денеска се одржа заеднички час во знак на почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Тие на платото пред УКИМ палеа свеќи и се потпишуваа во кинагата на жалост.

Подоцна заедничкиот час беше прекинат откако на неколку студенти им се слоши и беше побарана интервенција на брзата помош.

Студентите и средношколците останаа на собирот и покрај временските услови а од студентското собрание беше најавено дека собирите ќе продолжат во текот на целата недела а за локациите и времето на собирите дополнително ќе информираат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија36 минути

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија51 минута

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија1 час

Папазов бил должен да знае дека фирмата немала лиценца и не исполнува услови за таа дејност, министерството за економија не издало лиценца, велат од ДУИ

Катастрофалната трагедија во Кочани, во која загинаа голем број наши сограѓани, покрена многу прашања за безбедноста, контролата и функционирањето на...

Македонија2 часа

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија2 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...

Македонија3 часа

Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под...

Регион4 часа

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва...

Македонија5 часа

ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во...

Македонија6 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија6 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Регион7 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион7 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион8 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија15 часа

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија15 часа

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија18 часа

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...

Македонија18 часа

Ексминистерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош....

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од...

Македонија20 часа

Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани...