Македонија
Вип понуди комуникација со Фејсбук
Мобилниот оператор Вип нуди можност за комуникација преку мобилен телефон со светски најпознатата мрежа за дружење Фејсбук (Facebook®)
Мобилниот оператор Вип нуди можност за комуникација преку мобилен телефон со светски најпознатата мрежа за дружење Фејсбук (Facebook®).
Се што треба корисниците да направат е да ја активираат новата услуга на пазарот Вип Facebook® @ SMS и веднаш ќе ги добиваат сите известувања – нови коментари, нови пораки или покани од својот Фејсбук преку СМС порака.
Примањето на пораки од личниот Фејсбук профил е бесплатно во промотивниот период до 6 јуни 2009, а цената за испратена СМС порака изнесува само 5 денари (5,90 со ДДВ), додека за ММС порака 15 денари(17,7 ден. со ДДВ).
„Навистина сме горди што Вип успеа повторно да им донесе нова услуга на граѓаните на Македонија. Ние сме втори во Европа што ја нудиме оваа предност на нашите корисници. Нашите корисници веќе добро знаат дека Вип им нуди секогаш и засекогаш повеќе“, изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Вип. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

