Македонија
Шефер во проштална посета на Македонија
Генералниот секретар на НАТО во заминување Јаап де Хоп Шефер денеска треба да оствари проштална посета на Македонија
Генералниот секретар на НАТО во заминување Јаап де Хоп Шефер денеска треба да оствари проштална посета на Македонија.
Според агендата, првиот човек на НАТО ќе биде примен од претседателот во заминување Бранко Црвенковски, од новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов и од премиерот Никола Груевски.
Шефер ќе има средби и со министрите за надворешни работи и за одбрана, Антонио Милошоски и Зоран Коњановски.
На средбите, како што е соопштено во Скопје, „ќе се разменат мислења за актуелните прашања поврзани со членството на Македонија во НАТО“.
„Македонија е единствена земја партнер на НАТО, која ќе биде домаќин на Шефер, што е негова лична заложба, како дел од прошталните посети пред неговото заминување од функција генерален секретар“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Во рамки на посетата, на Шефер ќе му биде врачена „благодарница и подарок за долгогодишната поддршка и партнерството од страна на НАТО на евроатланската интеграција на Македонија“, на церемонија во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.
Шефер треба да пристигне во Македонија од Тирана, каде претпладнево треба да има средби со албанскиот државен врв.
Тој наскоро заминува од местото прв човек на НАТО, а нов генерален секретар од први август ќе биде поранешниот дански премиер Андерс Фог Расмусен./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето со опаѓање на утринските температури, а дневните ќе бидат во пораст.

