Македонија
Влада – ЕВН не го испочитува купопродажниот договор
Австриската компанија ЕВН Македонија не го испочитувала делот од купопродажниот договор за ЕСМ, кој предвидувал инвестиции од 96 милиони евра
Австриската компанија ЕВН Македонија не го испочитувала делот од купопродажниот договор за ЕСМ, кој предвидувал инвестиции од 96 милиони евра во наредните три години
Ова е ставот на македонската Влада што попладнево на прес конференција го изнесоа вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за економија Фатмир Бесими.
„Партнерскиот однос меѓу македонската Влада и ЕВН Австрија произлегува од договорот за купопродажба на акциите на ЕСМ и истиот е јавно објавен на владината интернет страница“, изјави Ставрески.
Тој информираше дека Владата ги исполниле трите обврски предвидени од договорот, за што ЕВН нема забелешки.
Наспроти тоа, ЕВН не исполнила една од двете обврски, според која требало да инвестира 96 милиони евра во првите три години по купувањето на акциите, од што 67 милиони евра во првите две години.
„Во договорот стои дека ЕВН Австрија како купувач има обврска секоја година да достави сертификат од кој што Владата ќе може да се увери дали ЕВН ги инвестирала тие средства., што во текот на првите три години не е направено“, рече Ставрески.
Тој посочи дека, согласно договорот, Владата ангажирала ревизорска куќа за да се утврди точниот износ на инвестиции на ЕВН, според кој компанијата ЕВН Македонија има 23,9 милиони евра инвестиции, и тоа не се пари на ЕВН Австрија согласно договорот.
Според Ставрески, ЕВН несомнено претставува голем и значен странски инвеститор во Македонија и како таков ја заслужува целокупната и институционална поддршка на институциите на системот на Македонија.
Во врска со судскиот спор ЕЛЕМ-ЕВН, Ставрески истакна дека Владата ниту може ниту сака да влијае во овој правен спор.
Запрашан дали со односот кон ЕВН, Македонија може да биде уште една пречка на патот кон евроинтеграциите, Ставрески напомена дека исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ се приоритет, но и дека Владата ќе се залага за почитување на законската регулатива во Македонија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

