Македонија
Екстерни тестови ќе има, одговорноста за протестите врз директорите
Стандардизираните тестови водат во насока на подигање на квалитетот на образованието и на квалитетот на објективното вреднување на знаењето
Стандардизираните тестови водат во насока на подигање на квалитетот на образованието и на квалитетот на објективното вреднување на знаењето кај учениците.
Ова денеска го изјави министерот за образование и наука Перо Стојановски по повод неколку дневните протести на основците и средношколците пред Министерството за образование и наука (МОН), поради воведување екстерно тестирање.
Учениците од четврто до осмо одделение и средношколците од прва до трета година се изреволтирани од одлуката на Министерството тие да бидат опфатени со екстерно тестирање по одредени предмети, кое што има за цел да ја оцени објективноста на наставниците при вреднувањето на знаењето на учениците.
Според МОН, изгубените часови ќе мора да се одработат, а одговорноста за протестите ќе падне врз директорите на училиштата.
Апелирам директорите да си преземат мерки и да не дозволат неодржаните часови да се запишуваат, а со тоа и нереализираните работни денови да се сметаат како да се реализирани, порача раководителот на секторот за основно и средно образование при МОН, Љупчо Спасовски.
МОН денеска требаше да ги извести основните училишта за тоа по кои предмети и каде ќе бидат полагани екстерните тестови. Основците ќе дознаат в понеделник.
Според предвиденото, учениците од четврто до осмо одделение ќе бидат екстерно тестирани во периодот од 20. до 30. мај, додека средношколците од први до 10. јуни.
МОН на почетокот од оваа седмица ги ослободи единствено матурантите од екстерни тестови, кои откако дознаа дека е предвидено и тие да бидат опфатени со екстерното тестирање излегоа на масовни протести пред Министерството по што таквата одлука беше повлечена. Матурантите се обврзани да полагаат државна матура ./крај/ме/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

