Македонија
Две децении од македонското освојување на Монт Еверест
Алпинистички прослави ќе се одржат денеска по повод дваесет години од искачувањето на Монт Еверест на македонскиот алпинист Димитар Илиевски – Мура
Алпинистички прослави ќе се одржат денеска по повод дваесет години од искачувањето на Монт Еверест на македонскиот алпинист Димитар Илиевски – Мурато.
Централната манифестација ќе се одржи на Пелистер, со планинарски марш и положување цвеќе пред споменикот на Димитар Илиевски – Мурато.
На маршот, како што јавува Макфакс, се очекува да земат учество неколку стотици планинари од Македонија и странство.
Алпинистичка прослава по повод две децении од македонското освојување на највисокиот врв на светот Монт Еверест денеска ќе се одржи на Матка во кругот на Манастирот Св. Никола (Шишевски Манастир).
Организатор на прославата е Македонската алпинистичка асоцијација, АК ‘‘Матка.
Активностите за време на прославата, како што е соопштено, нема да се одвиваат според официјална програма, бидејки таа е замислена како неформално дружење помеѓу алпинистите од сите генерации.
Во текот на викендот на Матка ќе се одржи и семинар во рамките на алпинистичкото училиште на МАА. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

