Контакт

Македонија

Ридско-брзински трки на Водно

Објавено пред

Ридско-брзински авто трки денеска се одржуваат на падините на Водно

Ридско-брзински авто трки денеска се одржуваат на падините на Водно.

На патеката се очекува да се појават околу 50 натпреварувачи, од кои дваесетина странци, но доаѓаат и актуелни прваци, и тоа на Европа и на Централно-европската зона (ЦЕЗ).

Трката и годинава ќе се бодува за четири шампионати – за ФИА, Европа, ЦЕЗ и за македонското првенство. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во хотелот „Александар палас“.

„За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите-полицајци. Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори“, рече Спасовски.

Министерот, одговарајќи на новинарско прашање во Прилеп, изјави дека МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Објавено пред

Управниот судија Мустафа Шахини, наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување со што го оштетил буџетот за 197 илјади евра. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска му поднесе обвинение.

Обвинителството соопшти дека обвинетиот до неговиот избор за судијa кон крајот на 2007 година, работејќи како адвокат презел дејствија и ги застапувал правните интереси на две физички лица, негови роднини, во oставинска постапка за градежно неизградено земјиште во Струга, со површина од 1.958.49 м2. Иако на нивниот правен претходник, по спроведена постапка за експропријација на земјиштето, со спогодба му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на оставинската постапка, тој повел постапка и пред Комисијата за одлучување по барањата за денационализација.

„Во меѓувреме обвинетиот бил избран за судија во Управниот суд каде била поднесена тужба по основ на молчење на администрацијата против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација во врска со предметот за денационализација, а по кој обвинетиот постапувал претходно како адвокат. Управниот суд оформил предмет кој бил доделен во работа на обвинетиот“, соопшти Обвинителството.

Според Обвинителството од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, обвинетиот судија, постапувајќи спротивно на законските одредби го земал преметот во работа, иако знаел дека како поранешен застапник, адвокат на тужителите, не смеел да постапува и бил должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, но тој не ја прекинал работата врз предметот и не го известил претседателот на Управниот суд за околностите.

Иако поднесената тужба била неуредна, обвинетиот не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил тужбата, туку продолжил да постапува по неа. Преземајќи дејствија во предметот, Шахини оневозможил Државното правобранителство да се вклучи во управниот спор и да преземе мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на државата.

Откако добил одговор само од претседателот на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација, обвинетиот како претседател на совет, судија, писмено го известил полномошникот на тужителите барајќи да се произнесат по повод решението, на што полномошникот на тужителите до Управниот суд доставил поднесок со кој ја проширува тужбата и кон решението на Комисијата и бара Управниот суд да донесе одлука во корист на тужителите. Обвинетиот иако бил должен, тужбата да ја достави на одговор до надлежното Државно правобранителство за подрачје Струга, не ја доставил, туку, во рок од три дена донел пресуда.

Злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, спротивно на законските одредби предметниот недвижен имот, крајбрежен појас, плажа во Струга, со пресуда го вратил во приватна сопственост на барателите иако земјиштето претставува јавно добро и не смеело да биде вратено во приватна сопственост, дотолку повеќе што за него веќе бил утврден и исплатен надомест на правниот претходник на тужителите уште во 1987 година.

Во исто време, за недвижен имот со површина од 171 м2 крајбрежен појас што не смее да биде вратен во приватна сопственост, определил надомест во износ од 119.700 денари во вид на обврзници за денационализација. Свесно и со намера да оневозможи заштита на имотните права и интереси на РСМ., обвинетиот не доставил примерок од пресудата до надлежното Државно правобранителство заради право на жалба.

Како последица на тоа надлежното Државно правобранителство од Струга не поднело жалба, а обвинетиот со својот потпис овозможил пресудата да стане правосилна и врз основа на неа барателите да се впишат како сопственици на вратената недвижност во јавните книги на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности.

Само по десетина дена тие склучиле договор за купопродажба на предметниот имот со познаник на обвинетиот. Со ваквите дејствија обвинетиот злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување ги оштетил имотот и интересите на РС Македонија и нанел штета на Буџетот во значителен износ од 12.164.413 денари.

Спорниот имот од моментот на започнување на истражната постапка е обезбеден и е изречена привремена мерка забрана за отуѓување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Концерт на симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ по повод 53 години Факултет за музичка уметност

Објавено пред

 

В сабота во Концертната сала на НУ Филхармонија со почеток во 20 часот ќе се одржи свечен концерт по повод 53 години од основањето на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот за музичка уметност во Скопје е првата високообразовна и научна установа од областа на музичката уметност и балетската педагогија во Македонија во која досега дипломирале, магистрирале и докторирале над 3.000 студенти. На концертот ќе настапи Симфонискиот оркестар на ФМУ сочинет од студенти на додипломски и последипломски студии на ФМУ – Скопје. Во концертната програма ќе учествува и хорот „Драган Шуплевски“ на ФМУ, кој го подготви проф. м-р Сашо Татарчевски.

Со настапот на оркестарот и хорот ќе раководи маестро Борјан Цанев во чијашто богата уметничка кариера е долгогодишното раководење со Македонската филхармонија и концертите со познатите светски оркестри и реномирани солисти. На концертот ќе се претстават и студентите по оркестарско диригирање: Ана Спасовска и Бехар Весели од класата на проф. м-р Борјан Цанев, и Магдалена Кочоска од класата на проф. м-р Сашо Татарчевски.

На програмата се Увертирата од операта Грабнување од сарајот, Ave verum corpus, Tantum ergo B-dur и Симфонијата бр. 31 D-dur „Париска“ од Волфганг Амадеус Моцарт.

Влезот на концертот е слободен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија18 минути

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини, наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија1 час

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија4 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура4 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион5 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет6 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија6 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет6 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт7 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа7 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет7 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет7 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион7 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија18 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија21 час

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија21 час

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија24 часа

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа1 ден

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Досие