Македонија
Акција “Заедно за чисто и зелено Скопје“

Акцијата “Заедно за чисто и зелено Скопје“ ќе започне денеска во скопската општина Гази баба, а во текот на еден месец, ќе опфати десет скопски општи
Акцијата “Заедно за чисто и зелено Скопје“ ќе започне денеска во скопската општина Гази баба, а во текот на еден месец, ќе опфати десет скопски општини.
Акцијата ќе опфати косење на тревата, поткастрување на грмушките, кроење на крошните на дрвјата, расчистување на дивите депонии, метење, чистење и миење на улиците и расчистување на сливниците. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорката на Центарот за спречување на конфликти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Кејт Фирон и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.
На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете институции во огромен број проекти, а беше изразено уверување во нејзиното натамошно унапредување, како и благодарност за константната поддршка и разбирање.
Министерот Тошковски се осврна на приоритетите и фокусот на МВР во периодот што следи, подвлекувајќи ја важноста и посветеноста на надградбата на капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа и реформите во министерството.
Македонија
Викендов сончево и малку посвежо време, од понеделник пораст на температурите

Утре ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.
Македонија
Неексплодирана артилериска граната пронајдена кај Калишта, ДЗС апелира да не се поместуваат такви убојни средства

Неексплодирано убојно средство од минатите војни е пронајдено кај село Калишта, при изведба на градежни работи во близина кампот „Рино“ покрај Охридското Езеро, оваа работна недела во реон на Општина Струга.
Пронајдената артилериска граната со калибар 105 мм била од Првата светска војна, што практично била во двор меѓу изградени куќи. Безбедно е подигната и транспортирана до место за нејзино складирање, а потоа и за уништување, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорги Стефанов.
ДЗС информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при вакви случаи кога ќе се најдат опасни неексплодирани убојни и други средства.
Конкретно, ДЗС апелира дека при прошетки во природата, во случај кога граѓаните ќе пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги допираат и поместуваат, туку едноставно да се јават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
По пријавата, надлежните институции и служби од Системот за управување со кризи, самостојно или комбинирано со стручни лица, ќе се погрижат безбедно да бидат отстранети или неутрализирани, односно да бидат уништени опасните пронајдени работи, согласно конкретните просторни услови, ситуации, а и карактеристики на опасните НУС.