Македонија
Сејдиу во Скопје на 28 мај
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/77f173fa-ad88-44bf-8ecb-1c63bdcc9e18.jpeg)
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ја прифати поканата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го посети Скопје на 28 мај, јави дописникот
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ја прифати поканата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да го посети Скопје на 28 мај, јави дописникот на Макфакс.
Кабинетот на косовскиот претседател соопшти дека добил покана од Иванов преку дипломатскиот претставник на македонската канцеларија во Приштина и дека истата ја прифаќа.
Медиумите во Косово наведуваат дека ова е нов обид на македонскиот претседател, да ги смири односите на релација Скопје – Приштина, по неповикувањето на Сејдиу на инаугурацијата.
Дел од медиумите, пред инаугурацијата објавија дека компромисот за непоканувањето на Сејдиу ќр биде негова посета на Скопје на крајот од мај, како прв странски претседател кој ќе примен од Иванов./крај/мн/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Мајката на Фросина: Меката, светла и моќна енергија на Фросина ме води и ми дава сила, ве замолувам да не правите политика од оваа наша семејна трагедија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/6-3.jpg)
Камелија Кулакова, мајката на трагично загинатата Фросина во трагедијата на „Партизанска“ се огласи на својот фејскуб профил со емотивна објава и порача дека ќе оди до крај за да има правда.
„Почитувани родители, млади луѓе-идни родители. Душава ми гори од болка, а срцето ми е распарчено., но морам да ви се обратам.
Сето ова популаризирање на нашата семејна трагедија е дотурање на сол на нашата рана која никогаш нема да се залечи.
Јас бев горда мајка. Пораснав три златни деца. Ги воспитував и учев да бидат добри личности. Добри, чесни и доблесни луѓе. Да си ја сакаат татковината. Да си ја почитуваат културата и традицијата. Да сочувствуваат. Да споделуваат радост и тага. Секогаш да се ставаат на другата страна пред да осудат и да ги разгледуваат нештата од сите страни пред секоја своја постапка.
Тоа е многу тешка задача. Особено во ова време- невреме.
И што се случи..
Соништата на Фросина беа и наши соништа.
И што се случи..
Огромна празнина, неподнослива болка, траорни слики кои постојано ти поминуваат пред очите и безброј зошто, зошто, зошто, зошто баш Фросина..
И во еден момент си помислив…. можеше да е друго дете, син, ќерка, сестра, брат, љубена, Љубен, другар. Можеше друго семејство да се распаѓа од болка. А болката не познава политика. Незнае за вера, раса, нација…само едно БОЛКА.
И тогаш си реков. Морам да сум силна. Морам да сум силна за да има правда за моето чедо и сите деца чии родители, браќа, сестри не ја дочекале правдата за нив. И нема да се скршам. Ќе одам до крај. Ќе бидам мајка, татко, сестра брат….
Меката, светла и моќна енергија на Фросина ме води и ми дава сила. И не само мене, на сите нас.
Заради тоа најискрено ве замолувам да не правите политика од оваа наша семејна трагедија. Бескрајно сум благодарна на сите кои искрено сочувствуваат со нас.Бескрајно сум благодарна на медиумите, на новинарите кои ми помогнаа некои работи да ми станат многу повеќе јасни. Благодарам на сите политичари-ЛУЃЕ, кои застанаа на нашиот пат благодарам на народот кој не подржува, зошто, без притисокот на народот и медиумите патот на правдата немаше ни да започне.
Затоа сакам да ве прашам.
Па нели благодарноста е доблест и основно начело на секое општество, цивилизација, религија.
ПРАВДА ЗА ФРОСИНА МОРА ДА ИМА ЗОШТО
“СЕКОЈ ЕДЕН МОЖЕ ДА Е СЛЕДЕН”
Почивај во мир сонце мое.
Нека ти е светол патот.
Една e мајка“, стои во објавата.
Обвинителството се уште презема мерки и прибира докази за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина Кулакова.
Македонија
„Каде што срцето е дома“, нов владин проект за локалната самоуправа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/5-3.jpg)
Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети, кои оваа година се реализираат со името „Каде што срцето е дома“. Целта е преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешната средба со новинарите, на која присуствуваше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека посетите ќе бидат корисни од повеќе аспекти. Ќе се слушнат и предлози и идеи за процесот за измени на Законот за локалната самоуправа, а од увидот на градежните активности на проектите финансирани од централниот буџет локалните власти ќе може да ги пренесат искуствата и потребите во пресрет на очекуваниот втор јавен повик.
„Почнавме отворено како Влада, ќе продолжиме со уште зголемена динамика затоа што сметаме дека со непосреден контакт и градење партнерство помеѓу власта и граѓаните ќе најдеме механизми и соодветни решенија за да се надминат сите препреки со кои се соочуваат локалните саоуправи. Императив ни е градењето партнерски однос со граѓаните. За нас, нивниот интерес е пред сѐ“, порача министерот Перински на денешната средба со новинарите, на која го најави продолжението на посетите на општините.
„Каде што срцето е дома“ во периодот што следува ќе ги посети сите скопски општини, ќе се реализираат средби со градоначалниците, членовите на општинските совети, со невладини организации, бизнис-секторот, културни, спортски работници, воопшто со сите заинтересирани граѓани, а ќе се врши увид и на проектите финансирани од централниот буџет.
„Планирани се и еднодневни посети на Кочани, Охрид, Битола, Тетово, Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Штип и на Прилеп, на кои ќе се вклучат и претставници од општините од регионот.
Премиерот Мицкоски изрази задоволство од посветеноста на Министерството за локална самоуправа за развој на општините, што заедно со владините мерки е показател дека власта создава услови за поквалитетен живот на сите граѓани.
„Проектите се дел од владината програма за инвестиции во општините. Добро е овој процес да поминува транспарентно и добро е граѓаните одблиску да го дознаваат она што ќе го работиме како Влада преку соодветните министерства, а целиот процес го координира Министерството залокална самоуправа“, истакна премиерот Мицкоски на средбата со новинарите, која се одржа во реновираниот Клуб на пратениците.
Објектот во изминатиот период се реновира со цел враќање на неговиот препознатлив и достоен лик за почит.
„Ова е уште еден показател за одговорното управување и за домаќинското работење на Службата, со која успешно се надминати затекнатите проблеми во Клубот“, истакна Ивица Томовски, директор на СОЗР.
Македонија
СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/sobranie.jpg)
СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството, изјави организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.
Тој истакна дека реформите во правосудството бараат надпартиски консензус од сите чинители и парламентарни партии затоа што и самите граѓани тоа го бараат.
„Факт е дека е потребна темелна реформа во целиот правосуден систем. Оттука Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието. На таа средба да се изгради надпартиски консензус затоа што постои сериозна опасност доколку еднострано се настапи и ризил од повторна партизација на правосудните органи“ рече Костовски.
Опозициската партија додава дека Собранието, законодавниот дом е место кадешто се гради општ консензус и оттука повикуваат на заедничка средба на сите политички партии во Собранието.