Македонија
САД останува стратешки партнер на Македонија (2)
САД останува стратешки партнер на Макеоднија и ги поддржува напорите во рамките на ОН за изнаоѓање прифатливо решение за разликите околу името
САД останува стратешки партнер на Макеоднија и ги поддржува напорите во рамките на ОН за изнаоѓање прифатливо решение за разликите околу името. Ова попладнево во Скопје го изјави заменикот државен секретар на САД Џејмс Стајнберг на заедничка прес конференција со македонскиот премиер Никола Груевски, јавува Макфакс. „Раговаравме за тоа како да ја продолжиме соработката која придонесува за постаабилен регион. Взаемната соработка е важна за САД, заедно можеме да постигнеме многу и очекуваме плодна соработка и во иднина“, изјави Стајнберг по средбата со Груевски. Високиот американскиот дипломат нагласи дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе продолжат да ја поддржуваат Макеоднија во евроатланските интегративни процеси. Заблагодарувајќи се, притоа, за макеоднското учество во мировните мисии на НАТО во Ирак и Авганистан.Премиерот Груевски истакна дека е „исклучително важно што во изминатите години САД е нашиот стратешки партнер и соработката помеѓу нас е опдлична“. „Тоа пријателство и таа соработка ќе ја продолжиме и понатаму и резултираше со огромен број на зеднички проекти и ние се надеваме дека ќе резултира со наше полноправно членство во НАТО“, изјави македонскиот премеир. Во врсла со името, Стајнберг ја повтори американската заинтересираност да се изнајде заемно проифатливо решение меѓу Макеоднија и Грција. „САД силно ги подржува напорите на медијаторот Метју Нимиц за изнаоѓање заедничко решение за името од што придобивка ќе имаат двете земји“’, изјави американскиот заменик државен секретар Стајнберг. Премиерот Груевски посочи дека Макеоднија е во исчекување да завршат европските избори во Грција, „по кои би продолжиле разговорите за изнаоѓање на решение“. Стајнберг денеска пристига во официјална посета на Македонија, прва од неговото назначување во јануари 2009.Американскиот дипломат во Македонија пристигна од Грција, каде доцна вечер во петокот имаше средби со грчкиот премиер Костас Караманлис и со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани Разликите околу името меѓу Атина и Скопје беше една од темите на разговорите, потврди Бакојани на заедничката прес конференција.Таа рече дека имала многу корисна средба со Стајнберг, на која детално го информирала за грчките позиции околу името. /крајм/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

