Македонија
Му украл пиштол на полицаец и го натепал

Момче успеало да му го украде службениот пиштол на невнимателен локален полицаец, во угостителски објект во Струмица, соопшти денеска МВР
Момче успеало да му го украде службениот пиштол на невнимателен локален полицаец, во угостителски објект во Струмица, соопшти денеска МВР.
До инцидентот дошло кога Ѓ.Ч (25), успеал од футролата на каишот да го одзеде службениот пиштол на полицискиот службеник, кој во моментот додека седел во објектот бил свртен со грб.
Откако го украл пиштолот Ѓ.Ч. со трчање го напуштил објектот. Оштетениот полицаец кој во моментот не бил на службена должност, успеал да го стигне момчето, кое пак му задало удар со лакт во пределот на градите и главата и повторно успеало да избега.
Кога стигнал во куќата во која престојува, Ѓ.Ч. пиштолот го скрил во пластична кофа во дворното место, кој подоцна е пронајден и со потврда за привремено одземени предмети е одземен.
По наредба на Дежурен Јавен обвинител, Ѓ.Ч. е задржан во СВР-Струмица и по целосно расчистување на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)