Македонија
ЕК објавува извештај за визната либерализација

Европската комисија (ЕК) денеска треба да го објави извештајот во кој ќе биде содржана комисиската оценка за реформите неопходни за визна
Европската комисија (ЕК) денеска треба да го објави извештајот во кој ќе биде содржана комисиската оценка за реформите неопходни за визна либерализација на земјите од западен Балкан.
Преку извештајот, се очекува ЕК да ги информира земјите-членки на Европската Унија (ЕУ), дека Македонија е меѓу земјите што најдобро напредуваат во реформите за укинување на визниот режим.
Денешниот извештај на ЕК, ќе биде доставен на земјите-членки на ЕУ па дури потоа, откако ќе заврши консултацијата со европските престолнини, ЕК ќе објави извештаи што би требало да содржат препораки за укинување на визниот режим за некои земји.
Претставниците на земјите-членки, своето мислење зад затворени врати ќе го соопштат на 25 мај на состанок во Советот на министри.
Во очекување на ставовите на земјите-членки, ЕК одбива да шпекулира што ќе содржат идните извештаи, кога ќе бидат објавени и какви ќе бидат нивните препораки.
Сепак, доколку препораките бидат позитивни, Македонија може да очекува дека шенгенскиот ѕид ќе падне во првата половина на 2010 година./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)