Македонија
Новиот македонски претседател во Словенија
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Љубљана ќе има средба со шефот на словенечката држава Данило Тирк, како и со премиерот Борут Пахор и
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Љубљана ќе има средба со шефот на словенечката држава Данило Тирк, како и со премиерот Борут Пахор и спикерот на парламентот Павел Гантар.
Ова денеска го јави словенечката агенција СТА, додавајќи дека Иванов и Тирк ќе разговараат за билатералната, пред се економската соработка, приближувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО, односите на Скопје со соседните држави, како и за состојбата во поширокиот регион.
Словенија смета дека Скопје и Атина треба да најдат компромисно решение за името, рече Тирк, за време на посетата на Македонија во март годинава и оцени дека во Европа малку пати се забележува дека во Македонија постои етничка стабилност, која е придонес за стабилноста на целиот регион.
Посетата на Словенија е втора на Иванов, кој на 12 мај ја презеде претседателската функција. Првата посета на странство на Иванов беше на Брисел./крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 метри има на планинскиот премин Страцин, Битола, Прилеп, Македонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода делови од скопски Центар
Поради уличен дефект од ф -200мм на ул. Питу Гули бр.5, прекинато водоснабдување од 09,00ч до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на ул. Питу Гули (градинка Кочо Рацин), ул. Ацо Караманов, Димитар Пандилов, Ганчо Хаџипанзов и дел од Караорман о. Центар.
Македонија
Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 14,00ч корисниците од с. Кондово (горен дел од стара џамија), општина Сарај;
· Од 08,30ч до 15,00ч поголем дел од корисниците на ул. Стоби, ул.Пробиштипска, ул. Мице Козар и дел од ул. Социјалистичка зора, општина Ѓорче Петров и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од с. Пакошево, кон с. Ново Село, општина Зелениково