Македонија
Македонија очкекува заживување на преговорите за името

Македонија очекува детални разговори со Грција за спорот за името, што го блокира прием во НАТО соопшти македонскиот претседател Ѓорге Иванов
Македонија очекува детални разговори со Грција за спорот за името, што го блокира приемот во НАТО и се заканува да го спречи и нејзиното членство во ЕУ, соопшти македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
„Очекуваме дека преговорите за името… ќе се интензивираат по изборите за Европскиот парламент во Грција, кои ќе се одржат од 4 до 6 јуни… Нашата желба е да најдеме разумен компромис, кој нема да наштети на државните интереси на Македонија”, изјави македонскиот претседател, за време на посетата на Словенија, пренесува Ројтерс.
Во однос на македонското приближување до ЕУ, претседателот Иванов рече дека од шведското претседателство очекува да помогне Унијата повторно да се концентрира на регионот, бидејќи шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд е „пријател на Балканот“ и негов добар познавач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)