Македонија
Приведен убиецот што го застрела внукот на Бит Пазар
Полицијата утрината во Чаир го уапси Џ.К. осомничен за минатогодишното убиство на неговиот внук на Бит Пазар
Полицијата утрината во Чаир го уапси Џ.К. осомничен за минатогодишното убиство на неговиот внук на Бит Пазар.
Во разговорот со полицијата, осомничениот го признал делото, а одземениот пиштолот, кој го поседувал без дозвола, бил даден на вештачење.
Настанот се случи на 15. ноември минатата година околу 10.20 часот пред локал во пазарот „Бит Пазар“, кога дошло до вербална расправија меѓу Џ.К. инеговиот внук Ајдиновски Исљам поради предходно нерасчистени семејни односи и нетрпение.
Во еден момент Џ.К. од појасот извадил пиштол и од непосредна близина испукал неколку куршуми во телото на внукот, кој од здобиените повреди починал на самото место, а осомничениот избегал во непознат правец.
Џ.К. денеска со доказниот материјал ќе биде изведен пред Истражниот Судија во ОС Скопје I. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

