Контакт

Македонија

Експертите за новиот закон за внатрешни

Објавено пред

Тркалезна маса „Новиот Закон за внатрешни работи од аспект на правната држава“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Хелсиншкиот комитет

dobivaj vesti na viber

Тркалезна маса „Новиот Закон за внатрешни работи од аспект на правната држава“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Тркалезната маса има за цел да се продискутираат ставовите околу Новиот Закон за внатрешни работи (ЗВР), како особено важен законски проект кој е клучен за заштитата на основните уставни права и слободи.

Хелсиншкиот комитет посочува дека во завршна фаза е подготовка на неколку нови закони со кои се предлагаат нови измени на правната регулатива во оваа сфера, како Законот за кривичната постапка и наводно нов закон за безбедносната сфера, кој веќе некое време се навестува.

Според најавите, на тркалезната маса ќе учествуваат претставници на академските структури, МВР, Министерството за правда, судии, адвокати и јавни обвинители, Директоратот за заштита на лични податоци, Собраниските комисии за контрола врз УБК и АР, невладиниот сектор и политичките партии./крај/со/амп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Костовски: До 30 отсто повисоки сметки за струја, власта повторно удри по стандардот на граѓаните

Објавено пред

Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот. Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци, вели Мартин Костовски, секретар на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Сумите некаде се толку високи што луѓето бараат начин како да ги подмират. Други, пак, бараат коригирање на сметките. Граѓаните реагираат дека јануарските сметки за струја им се покачени за 20% а некаде дури и за 30%. Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, ни доставија сметките до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец“, посочува Костовски и додава:

„Тоа се точно 30% повеќе пари, поголеми сметки. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите. Ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја. Власта удира по стандардот на народот, скапотија е на сите страни. Во време на ковид и енергетска криза кога СДСМ беше власт, граѓаните, училишта, претпријатијата болниците, сите добија евтина струја и во ниту еден момент немаше рестрикци. Дополнително ја вративме и евтината тарифа на струјата. Сега ДПМНЕ укина буквално се и не само што покажа неспособност туку и тотална негрижа за граѓаните. Неспособноста ја плаќа народот, од свој џеб. Граѓаните не можат да врзат крај со крај, покачени сметки за храна, покачени сметки за струја, покачени сметки за парно. Бараме власта веднаш да воведе субвенции за домаќинствата и да им се намалат сметките за струја на граѓаните. СДСМ стои на располагање и има решенија за намалување на цените, едно од нив е интервенција во висината на ДДВ за парно и струја. Прашање е само дали неспособната власт ќе ги прифати“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петрушевски: Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, СДС го празнеле буџетот за тендери на блиски лица

Објавено пред

Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски, истакна на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот од 9 јуни 2021 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски од СДС, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со фирма од Скопје, во сопственост на нему блиско лице, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на сопственикот на фирмата“, вели Петрушевски.

Тој искоментира дека на виделина излегуваат сите злоупотреби на СДСМ и нивните функционери изминативе 7 години и заклучи дека има одговорност.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Објавено пред

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на Уставниот суд да се поништи Законот за солидарниот данок, кој на сегашната Влада ѝ наметна обврска да им врати 49,2 милиони евра на 156 оданочени компании. Премиерот Христијан Мицкоски денес рече дека не го загрижува толку однесувањето на претходната влада колку што го загрижува поддршката за овој данок што ја добиле од меѓународни финансиски институции.

dobivaj vesti na viber

„Тогаш бевме опозиција и на состаноците со претставниците на тие меѓународни финансиски институции лично ги гледав в очи и им кажував дека ова дивеење еден ден некој ќе го враќа. Еве дојде денот кога вие треба да го враќате. Тие ќе се спакуваат и ќе си отидат таму од кај што дошле, вие ќе треба да го враќате. И сега, наместо нови 50 милиони за нешто друго, ние ќе треба поради хирови, да враќаме за некој што правел грешка“, рече премиерот Мицкоски.

Оданочените компании Мицкоски вели дека е сосема легитимно да побараат и камата. Тој не сакаше да ја коментира одлуката на Уставниот суд, најави дека во целост ќе ја почитуваат и јавно побара објаснување од опозицијата како да се врати данокот.

„Нека излезат сега пред граѓаните и пред јавноста и нека кажат кој ќе ги врати овие 50 милиони. Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме? Од ‘ролс-ројсот’ ли ќе ги вратиме? Од инстант-фирмите за јаглен ли ќе ги вратиме? Еве нека излезат сега и нека им кажат на граѓаните“, рече премиерот Мицкоски и праша дали и сега опозициските партии сметаат дека уставните судии работат по негов налог.

За враќање на солидарниот данок веќе имал состанок со министерката за финансии и договориле да ја посетат секоја од компаниите што платила солидарен данок за заеднички да најдат начин на кој ќе им бидат вратени парите.

Солидарниот данок беше воведен во 2023 година како мерка за справување со економската криза, а обврска да плаќаат имаа компаниите што во 2022 година имале вкупен приход поголем од 615 милиони денари.

Уставниот суд вчера го поништи Законот за солидарниот данок со образложение дека ја повредува темелната вредност на владеењето на правото и се противи на правната сигурност, која е загарантирана со Уставот, и оцени дека ретроактивноста на законот ги става компаниите во нееднаква правна позиција, што е спротивно на правата на сопственост и слободата на пазарот и претприемаштвото.

Со одлука на Уставниот суд компаниите имаат рок од пет години да побараат враќање на парите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија1 час

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ1 час

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија2 часа

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија4 часа

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија4 часа

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија4 часа

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија5 часа

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...

Европа5 часа

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет6 часа

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион6 часа

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа7 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет7 часа

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...

Македонија21 час

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија23 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија23 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија23 часа

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија1 ден

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија1 ден

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија1 ден

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...