Македонија
Влада – откажаната посета да не влијае на односите

Македонската Влада изрази денеска „жалење“ поради откажаната посета на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и „надеж дека тоа нема да влијае
Македонската Влада изрази денеска „жалење“ поради откажаната посета на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и „надеж дека тоа нема да влијае во односите помеѓу двете земји“.
Изразуваме надеж дека средбата меѓу македонскиот и косовскиот претседател ќе се одржи во догледно време и дека овој случај нема да влијае во односите со Косово, „земја пријател и партнер на Македонија“, соопшти Владата.
Во соопштението се потсетува дека „Македонија беше првата земја која што наиде на разбирање за планот на Ахтисари за финално решавање на статусот на Косово, за да подоцна, низ процедура на одобрување од страна на најголемиот број партии во Македонија, резултира со признавање на независноста на Косово“.
„Процесот на демаркација на северната граница, во делот на Косово, е во завршна фаза и се надеваме дека соработката и односите со Косово ќе се одвиваат согласно со определената и предвидената динамика, а во интерес на развојот на меѓусебните односи и односите во регионот.“, соопшти Владата на Македонија./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)