Македонија
Судот за „Сведмилк“ за три работни дена
Конечната одлука за евентуалното покренување на стечајна постапка за млекарницата „Сведмилк“ ќе биде донесена за три работни дена
Конечната одлука за евентуалното покренување на стечајна постапка за млекарницата „Сведмилк“ ќе биде донесена за три работни дена, јави репортерот на Макфакс.
Ова беше речено на денешното рочиште во Основниот суд Скопје два, каде се расправаше за покренување на стечајна постапка, покрената од доверителите на млекарницата Комерцијална банка, Тутунска банка, Прокредит банка и Земјоделскиот комбинат од Струмица.
Според привремениот стечаен управник Богољуб Мактрески постои основа за отворање на стечајна постапка поради лошата финансиска состојба и лошото менаџирање со фабриката
Вкупните побарувања од страна на сите доверители на Сведмилк изнесуваат околу 32 милиони евра, додека материјалната вредност на фабриката е процената на 24 до 25 милиони евра. Побарувањата на фармерите надминаа 4 милиони евра.
Сопственикот на „Сведмилк“, Моше Баум преку свој ополномоштен претставник побара одлуката за покренување на стечај да биде пролонгирана до 15 јуни, до кога ќе даде банкарска гаранција
Пред судот имаше група од триесетина фармери, кои побараа Владата да направи напор млекарницата повторно да работи и да се вратат долговите.
Дел од нив отворено изразија сомневање во работата на судот и институциите на државата./крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.