Македонија
Бројна норвешка експедиција за мечот со Македонија
Помеѓу 300 и 500 навивачи и околу 30 новинари од Норвешка ќе пристигнат во Скопје за саботниот натпревар со Македонија во рамки на квалификациите
Помеѓу 300 и 500 навивачи и околу 30 новинари од Норвешка ќе пристигнат во Скопје за саботниот натпревар со Македонија во рамки на квалификациите за СП 2010.
„Очекуваме од 300 до 500 норвешки навивачи, за кои ќе биде резервирана источната трибина на стадионот Филип втори“, изјави денеска за Макфакс, портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Зоран Николовски.
Тој додаде дека се акредитирани вкупно 31 новинари, како и радио и телевизиски коментатори од Норвешка.
За саботниот квалификациски натпревар се акредитирани и десетина новинари од Шкотска, Германија и други земји.
Во пресрет на натпреварот, норвешките медиуми опширно ја информираат јавноста за Македонија и македонскиот фудбал.
Актуелни се написите во најтиражните весници во Норвешка VG i Aftenporten:- „Внимателно со Лилипутанците“ и „Ќе се бориме против ѕвездата на Лацио (Горан Пандев)“.
Во извештајот на весникот VG, Македонија е претставена со старото државно знаме со сонцето од Вергина.
Телевизиските спортски емисии изобилуваат со коментари и интервјуа за натпреварот .
На Националната телевизија гостин беше и претставник на норвешката Амбасада во Скопје, кој опширно ја информираше норвешката јавност за Македонија./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

