Контакт

Македонија

СДСМ со ново раководство

Објавено пред

Гордан Георгиев, Зоран Заев и Зоран Јовановски се новите потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија(СДСМ), а Андреј Петров е избран

Гордан Георгиев, Зоран Заев и Зоран Јовановски се новите потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија(СДСМ), а Андреј Петров е избран за нов секретар на партијата.

На вонредниот 10. конгрес на СДСМ што денеска се одржа во Охрид, партијата преку своите 530 делегати ги избра новите членови на Централниот и Надзорниот одбор, каде веќе не членуваат некои истакнати партиски имиња.

Според јавното гласање, од вкупно 90 членови во Централниот одбор, над 80 проценти се нови имиња со просечна возраст под 38 години.

Портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ информираше дека дека во Централниот одбор веќе ги нема истакнатите партиски членови Владо Бучковски, Радмила Шеќеринска, Никола Поповски, Горан Минчев, Ѓорѓи Спасов, Никола Ќуркчиев, Благој Ханџиски, Илинка Митрева, Димитар Бузлески, Илија Илоски, Горан Зечевиќ, градоначалниците на Охрид и Куманово, Александар Петрески и Зоран Дамјаноски.

Во Централниот одбор на партијата, покрај Станковиќ, од актуелните високи партиски членови се уште и доскорешниот в.д. лидер на партијата Зоран Заев, Игор Ивановски, Јани Макрадули, Љубомир Јанев и Андреј Петров, а меѓу избраните е и Наташа Савова, соработник на лидерот Црвенковски од периодот кога тој ја извршуваше претседателската функција.

Во Централниот одбор влегуваат и амбасадорите Александар Тавчиовски, Виктор Димовски и Тихомир Илиевски и докторите на науки, универзитетскиот професор Рената Дескоска, Људмил Спасов, Ана Павловска – Денева и Татјана Прентовиќ

Избрани се и 17 членови на Извршниот одбор на партијата – Дане Талевски, Драган Тевдовски, Наташа Савова, Виктор Димовски, Игор Ивановски, Емилијан Станковиќ, Магдалена Несторовска, Јово Деспотоски, Јани Макрадули, Рената Дескоска, Људмил Спасов, Пецо Стојановски, Орце Јордановски, Виктор Цветкоски, Марија Костова, Наташа Петровска и Митре Велјаноски. /крај/ме/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Николовски: СДСМ за три години направи пресврт во меѓународната политика

Објавено пред

СДСМ за само три години направи историски пресврт во меѓународната политика и ги оствари стратешките цели на државата за кои сонувале татковците на нашата народност со векови. НАТО и ЕУ станаа реалност, со признат и загарантиран македонски јазик и идентитет, изјави генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

„Си отворивме врати што за нас отсекогаш биле затворени. Сега доаѓа редот да ја искористиме шансата. Да се свртиме навнатре и да работиме решиме внатрешни прашања кои не мачат со децении, а во исто време да ја искористиме неповторливата економска шанса за раст што ни се отвора со членството во НАТО и преговорите со ЕУ“, кажа тој.

Притоа, додаде Николовски, македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност се денеска признаени од сите.

Според него, единствени што ја омаловажуваат македонската гордост нарекувајќи не северџани и други грозни измислици, се самите членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во преговорачката рамка на ЕУ јасно е наведено дека јазикот на кој треба да се преведе европското законодавство е македонски јазик. Македонски јазик е и јазикот наведен во нашата лична карта во Обединетите Нации. Македонски јазик е јазикот на кој ја водиме меѓународната комуникација. Апсолутно ништо не им остана на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, освен лагите. Дека сме го губеле јазикот, сме го губеле идентитетот“, рече Николовски.

Единствено што губиме, додаде тој, се остатоците од режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кој не врати десетици години.

Тој вети дека до 2024 ќе бидат отворени 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Шекеринска од Охрид: Слушнавме како Николоски и ДПМНЕ се пазарат со дивоградби за гласови

Објавено пред

Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во изборната единица пет – Радмила Шекеринска, денес ги коментираше ново објавените разговори во кои се слуша како кандидатот за пратеник Александар Николоски договара со обвинетиот Миле Јанакиески да се дозволи узурпација на охридското крајбрежје и да се дозволат дивоградби како дел од предизборно пазарење за гласови со ДУИ.

„ Денеска слушаме дека додека Владата се бори против дивоградбите, конкретно, со конкретни акции, со конкретни дела, некои луѓе ги користеле дивоградбите за да се пазарат пред избори.

Затоа статусот на УНЕСКО ни беше загрозен, затоа што ВМРО-ДПМНЕ играше политика со дивоградбите, си играше политика со Охрид и го користеше и Охрид и статусот на УНЕСКО, како монета за поткусурување во нивните меѓупартиски битки.

Ние ставивме точка на таквото однесување и во Охрид и во охридско и во целиот регион, покажавме дека грижата кон нашето национално богатство, без разлика дали е културно или природно нема алтернативна и дека сме подготвени да направиме се, да имаме и политичка волја, да имаме политички резултати, ама и да инвестираме пари, за да она што е убаво стане уште подобро“ рече Шекеринска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Зголемен е бројот на лекови и биолошка терапија за пациентите со малигни заболувања

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска имаше средба со претставници на Здружението „Борка – за секој нов ден“ во кое членуваат пациенти со малигни заболувања. На средбата разговараа за досегашните и идни активности, како и за предизвиците со кои се соочува оваа група на пациенти во услови на корона кризата.

„Овој изминат период од повеќе од две и пол години навистина имавме многу успешна соработка, ги слушнавме барањата на пациентите, предизвиците и проблемите со кои се соочуваат во целокупниот процес на добивање здравствена услуга од оваа сфера. Во таа смисла, со една огромна инвестиција значајно се зголеми бројот на лекови и биолошка терапија, над 30 молекули во последниве две години се достапни на нашите пациенти и нема ниту еден пациент што сега, за разлика од порано, се упатува во странство за да ја прими оваа терапија. Не постои пациентка со карцином на дојка за која нема лекови што често беше случај претходно, како и огромен број нови лекови за пациентите со карцином на бели дробови, карцином на кожа, итн“, кажа Филипче.

Тој посочи дека оваа криза со коронавирусот наметна и други предизвици со кои се соочуваат овие пациенти и коишто бараат начини за да се решат. Во таа смисла, рече Филипче, почна дисперзија на терапијата ширум центрите во државата.

„Засега тој систем функционира во Клиничката болница во Битола, почнува во болницата Штип и треба да се имплементира во Клиничката болница Тетово, а тоа значи дека во овие центри пациентите ќе ја добиваат терапијата, место пациентите од овие региони да патуваат во Скопје. Уште еден проблем којшто дополнително треба да се реши е добивањето здравствена услуга во делот на контролните прегледи, рендген прегледи, мамографија, ЕХО, за што разговаравме за начините на коишто може тоа да се надмине во најбрз временски рок, а притоа да не биде дополнително загрозено здравјето на овие пациенти, имајќи во предвид дека тоа се имунокомпромитирани пациенти и не треба да се мешаат со останатите пациенти во чекалните и во амбулантите“, истакна министерот Филипче и додаде дека овој дел дополнително ќе се разработи во следните денови и ќе може да се имплементира.

Претседателката на Здружението „Борка“ Биба Додева информираше дека пандемијата како и секаде, така и кај нас, особено на пациентите со малигни заболувања им предизвика проблеми.

„Она што го увидовме заедно во текот на овие неколку месеци е дека може да се дисперзира терапијата, особено таблетарната терапија, и дури и супкутаната терапија, и не само во центрите, туку заедно со помош на клиниката за онкологија и Црвениот крст се дистрибуира таблетарната терапија до секое место во државата. Значи, се носи лично на пациентите и тоа нѐ научи дека можеме на поинаков начин да функционираме и ќе изнајдеме решение тоа да биде и практика, да стане дел од програмата таквото децентрализирано добивање на терапијата. Третата работа со која се соочивме, за жал, се уште не можеме да ја решиме, а веќе станува проблем, е одложувањето на контролните прегледи и следењето на терапијата. Денеска имавме навистина продуктивен состанок за што дојдоа голем број „борки“, заедно дојдовме до едно решение за кое се надевам дека наскоро ќе биде спроведено, бидејќи овие пациенти не смеат да имаат поголем период од 3-4 месеци прекин на контролата“, рече Додева.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет2 часа

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион3 часа

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ3 часа

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија4 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион5 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија5 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион6 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија6 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион15 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион17 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион18 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет20 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион22 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија23 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија23 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија1 ден

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион1 ден

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион1 ден

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Досие