Македонија
Драстичен скок на МБИ 10
Берзанскит индекс МБИ-10 денеска втор ден по ред оствари пораст и тоа во висина од 6,18%, а вредноста му се покачи на 2.667,30 индексни поени
Берзанскит индекс МБИ-10 денеска втор ден по ред оствари пораст и тоа во висина од 6,18%, а вредноста му се покачи на 2.667,30 индексни поени.
Наспорти него, МБИД загуби 0,86% од својата вредност која на крајот од денот изнесуваше 2.371,84 индексни поени, а ОМБ оствари пад од 0,27% намалувајќи ја својата вредност на 104,86 индексни поени.
На денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност се постигна вкупен промет од 30.365.091,02 денари. На официјалниот пазар се истргуваа хартии од вредност во вредност од 26.202.895,02 денари. Редовниот пазар оствари промет од 4.162.196,00 денари, при што беа реализирани 46 трансакции.
Хартија од вредност со најголем промет на официјалниот пазар беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 15.670.904,67 денари. Просечната цена изнесуваше 77,53.% од номиналната вредност остварјувајќи благ пад од 0,71% при истргувани 329.250 обврзници.
Втора по промет на официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид со промет од 2.639.466,00 денари. Просечната цена што се оствари изнесуваше 4.663,37 денари што значи пораст од 7,37% во однос на претходниот ден. Истргувани беа 566 акции.
Акцијата на Комерцијална Банка оствари промет од 2.127.818,00 денари. Постигнатата просечна цена од 2.738,50 денари значеше голем пораст од 8,25%. Истргувани беа 777 акции.
Хартија од вредност со која најмногу се тргуваше на редовниот пазар беше акцијата на Алкалоид Берово со која се оствари промет од 1.696.000,00 денари. Просечната цена која не се промени во однос на последното тргување изнесуваше 8.000,00 денари. Вкупно беа истргувани 212 акции од Алкалоид Берово.
Акцијата на Арцелормиттал (ХРМ) Скопје со остварен промет од 969.200,00 денари беше втора по промет на редовниот пазар. Просечната цена од 100,12 денари се покачи за 0,15%. Истргувани беа вкупно 9.680 акции.
Акцијата на Македонски Телеком оствари промет од 516.375,00 денари со просечна цена од 364,67 денари. Имаше блага нагорна промена на просечната цена од 0,81% при вкупно истргувани 1.416 акции.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.Македонија – Денационализација 08
2. Алкалоид Скопје
3. Комерцијална Банка Скопје
4. Макпетрол Скопје
5. Алкалоид Берово
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Топлификација Скопје 9,97%
2. Стопанска Банка Скопје 8,79%
3. Комерцијална Банка Скопје 8,25%
4. Гранит Скопје 8,00%
5. Алкалоид Скопје 7,37%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Интерпромет Тетово 34,74%
2. Топлификација Одржување Скопје 30,00%
3. АДГ Пелагонија Скопје 30,00%
4. Адинг Скопје 18,00%
5. ИДЕВЕЛОП Скопје 2,86%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

