Македонија
Скопјани преживеале кошмар
Жителите на една зграда во Скопје, ноќеска преживеале вистински кошмар, тие биле заложници затворени во домовите, додека маж стрелал од автомат
Жителите на една зграда во Скопје, ноќеска преживеале вистински кошмар, тие биле заложници затворени во домовите, додека сосед вооружен со автоматска пушка дивеел, стрелајќи во влезните врати
Мажот на возраст од околу педесетина година стрелал со автоматот во влезот од зградата во населбата Мичурин, за среќа во тешкиот инцидент нема настрадани.
Дивеењето интензивно траело околу половина час, а кулминацијата била некаде околу 3.30 часот, велат за Макфакс сведоци на инцидентот.
Според нив во мажот пукајќи успеал да разбие влезна врата на еден од становите, што за среќа во моментот бил празен. Полицајци по дојава од жителите успеале да го совладаат мажот и да го уапсат. Од МВР го потврдија инцидентот и најавија официјално соопштение.
Човекот според сведоците живеел сам во зградата во која се случил тешкиот инцидент.
Луѓето од населбата велат дека вчера часови пред инцидентот, мажот бил забележан како шета со пушката, по што бил пријавен во полицијата. Според нив полицијата дошла, но не успеала да го пронајде човекот.
Ноќта првите истрели започнале некаде околу 2 часот, велат сведоците. Истрелите на почеток не биле интензивни и се слушале на неколку минути, a некаде околу 3.30 часот кулминиралe, кога мажот започнал со интензивна рафална стрелба.
Полицијата по телефон ги советувала жителите на зградата да се засолнат во своите станови, додека да стигне помош, која успеала да го разоружа и приведе./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

