Македонија
Нема единство за државна стратегија за името
Македонското Собрание, и покрај најавите, денеска не ја стави на дневен ред предлог државната стратегија за решавање на разликите со Грција
Македонското Собрание, и покрај најавите, денеска не ја стави на дневен ред предлог државната стратегија за решавање на разликите со Грција околу името.
Ова уследи откако парламентарните партии по целодневни консултации не успеаја да ги усогласат ставовите по текстот на документот, поднесен од либералот Стојан Андов.
Повод за консултациите беа амандманите поднесени од крајот на минатата недела од ВМРО – ДПМНЕ, кои денеска биле прифатени, но усогласувањето дополнително го испроблематизирале амандмани поднесени од Нова Демократија. (НД)
Со интервенциите во текстот на стратегијата, НД бара да се гарантира мултиетничкиот карактер на државата.
Опозицијата oceni дека нема потреба од дополните гаранции за мултиетничкиот карактер во разговорите со Грција за решавање на разликите околу името и оти станува збор за тактика на власта.
„СДСМ, иако беше договорено стратегијата да оди без амандмани, ги прифати амандманите на ВМРО – ДПМНЕ за да ги заштити националните интереси.. Но, на големо изненадување денеска амандмани поднесе НД, најпосакуваниот партнер на ВМРО ДПМНЕ. Сега се отвора дилемата дали ова не е смислено сценарио за одолговлекување на решение на спорот за името,“, посочија од СДСМ.
Подносителот на предлог државната стратегија Стојан Андов изјави дека партиите покажале „несериозен однос кон едно важно прашање од национален интерес“.
Владеачката ВМРО ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата дека тактизира и изрази надеж дека преговорите за усогласување на текстот на државната стратегија ќе продолжат „во вторник или во наредните неколку дена“./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

