Контакт

Македонија

Откриени 11 странски државјанки со нелегален престој

Објавено пред

Вкупно 11 странски државјанки со нелегален престој се откриени при полициска контрола на угостителски објект во Гостивар

dobivaj vesti na viber

Вкупно 11 странски државјанки со нелегален престој се откриени при полициска контрола на угостителски објект во Гостивар.

Како што соопшти денеска полицијата, десет се државјанки на Србија, а една е од Албанија.

Тие нелегалено престојувале во Македонија и работеле на црно во угостителскиот објект „Бакарди“ во сопственост на М.С.(49) и Л.М.(31), двајцата од Гостивар./крај/с/ег/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Објавено пред

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме, може да бидеме незадоволни од одредени нејзини постапки, меѓутоа овие активности кои таа во моментов ги презема не можеме како одговорни лица да не ги поддржиме – истакна првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

dobivaj vesti na viber

– Практично таа документирано и покажа на целата македонска јавност, пред сите надлежни институции, она што веќе го знаат милион и осумстотини и шеесет илјади граѓани, каде во оваа држава се гради на „диво“, каде се узурпира градежно државно земјиште, каде се легализира колективно, деловно и индивидуално земјиште сé по едно евро и каде се злоупотребува законот за легализација на бесправно изградени објекти – посочи Јакимовски.

Тој изрази загриженост од односот на премиерот Мицковски, како и од министрите Тошковски и Николовски.

– Замислете, претседателот на Владата употребува еден многу интересен термин. Тој вели: градоначалничката Арсовска нека постапува по дивоградбите. Меѓутоа, градоначалничката на Скопје нема никакви ингеренции да постапува по однос на дивоградбите. Веројатно премиерот добро знае дека таму треба да постапуваат истражните органи. А всушност самиот премиер кој во оваа држава се закануваше дека ќе не влече за уши, дека дури и брат да му е доколку е некој виновен, ќе одговара кривично. Овде имаат среќа луѓето што не му се браќа и очигледно дека тој никого не влече за уши, туку целиот македонски народ го влече за нос. Зошто? Затоа што овде исклучително тој и неговите институции имаат надлежност. На локациите кои ги посочува тој е узурпирано градежно земјиште за коешто не е платено ниту денар а истото е во државна сопственост и тоа земјиште на само една локација чини 2 милиони евра. Не се платени ниту комуналиите кои чинат 1 милион евра. Не постои никаков урбанистички план ниту пак било каква градежна маркичка а министерот за „заеми“ господинот Николовски којшто е надлежен за оваа работа, вели дека во општина Карпош нема да дозволува да се одобруваат урбанистички планови од причина што тука имало хаос, а замислете во Чаир имало ред и поредок“, рече Јакимовски.

Според Јакимовски министерот за транспорт и врски е целосно отсутен и покрај тоа што овие случаи се исклучително негова надлежност.

– Да не зборувам пак за министерот за внатрешни работи, Тошковски кој му поднесе кривична пријава на градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема. А овде каде што има стотици дивоградби и каде што државата се оштетува за милијарди евра, воопшто не се постапува и очигледно дека за нив законите се применуваат според нивен терк. Само во Карпош, во Крива Паланка, во Струмица и во општина Центар важат поинакви правила. Она што премиерот Мицковски го најавуваше за пресметка со ДУИ, очигледно дека тој се пресметува само со некои крила од таа партија, односно со тие што не се со него во власт и коалиција. И можете да ја замислите, таа нивна строгост и „правна“ држава ја гледаме само ние од Карпош. Имено, за овие бараки кои ги направила Општината која е сместена веќе 12 години, актуелната власт ќе носи одлука за конфискација на нешто што е направено во интерес на државата. Очигледно онаму каде што некој гради во интерес на сопствениот џеб и го краде народот и својата држава, истите се амнестирани. Во случајов претседателот на Владата лаконски ќе ви каже: градоначалничката на Скопје нека си постапува, а самиот тој ќе се заканува на сите останати кои работат според законот“, додаде Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош ја посочи непренципиелната политика на Власта, која, како што вели, не постапува според начелата на демократијата и има селективен пристап кон правдата.

– Премиерот Мицковски тренира строгост над оној кој продавал карти во Кочани и на сите нас што не сме дел од неговата коалиција, а сé останато нека биде хаотично во Македонија. Јас го кревам гласот затоа што нивната „правна држава“ сме ја осетиле на своја кожа, затоа што правото го прават не-право и бидејќи со своите постапки ги поттикнуваат криминалот и корупцијата. Мене ме зачудува односот на меѓународната јавност и нашите правосудни органи. Јас сум осуден на три ипол години затвор, замислете во завршниот збор, обвинителот вели дека постапката што ја водела Општина Карпош била според законот. Нас не судат затоа што работиме по закон, а овие кои работат незаконски, каде што не плаќаат земјиште, комуналии, не постои урбанистички план, за нив никому – ништо“, истакна Јакимовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски: Спогодбата со Велика Британија власта ја турка како меѓународен договор

Објавено пред

Не може да се зборува за ратификација на меѓународен договор кога во македонската верзија стои дека станува збор за договор меѓу двете влади, додека во англиската е користен терминот „arrangement“, односно спогодба, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

„Сметам дека треба да имаме јасна претстава за тоа што сакаме да гласаме денеска, и како и на кој начин да постапиме. Зошто? Имаме повикување на членовите од Уставот и од Деловникот, кои што се однесуваат на меѓународен договор. Во самиот договор стои дека преводот на двата текста е со исто значење.Но, во македонскиот текст стои дека е договор ‘Предлог-закон за ратификација на договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација’, а во англиската верзија стои ‘arrangement’, односно ‘спогодба’, и не може да се толкува како меѓународен договор. Тоа е првата работа“, рече Спасовски.

Втората работа на која што укажа Спасовски е различно потпишаната функција, што според него го прави договорот ништовен.

„Ако ги погледнеме двете верзии, посебно ако ја видиме англиската верзија, каде што е потпишан договорот, ова е ништовен документ. Зошто е ништовен документ? Затоа што пишува дека го потпишал „Vice President of the Republic of North Macedonia“. Значи, ние како држава немаме потпретседател на Република Северна Македонија. Таква функција последен беше Љупчо Георгиевски. А во македонската верзија стои дека го потпишал „Заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија“. Ако е вака, тогаш нема апсолутно важност ваков еден договор — или спогодба, како сакате наречете го — и тоа ќе мора да се исправи“, рече Спасовски.

Согласно Деловникот, Пратеничката група на СДСМ побара пауза од 1 час за да Собранието и Владата ги разјаснат недоследностите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и на Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Објавено пред

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат криминал.

dobivaj vesti na viber

Како што појаснува во напишаното, Општина Чаир, вчера, во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижностите поднела решение за поништување на решението што го издале за криминалната легализација со фалсификувани документи, а што го откривме ние.

„Решението го антидатирале демек е направено на 2.5.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не може да покријат дека вчера им е поднесен во Катастарот неколку часа по нашите пријави во МВР.

Срамот да биде поголем, во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и министерот за внатрешни работи, кои наместо да филозофираат, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.

До сега требаше да сте во Општината и да ги имате обезбедено сите докази, а не да им дозволувате на Висар Ганиу и на Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да уништуваат докази“, истакнува Арсовска.

Потенцира дека Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот, кој, како што велат, се случува пред очите на целата јавност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме,...

Македонија3 часа

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и на Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат,...

Македонија3 часа

Мицкоски нема против информатичар да стане министер за здравство: Со господинот Алиу се познаваме, мислам дека добро ќе соработуваме

Премиерот Христијан Мицкоски нема забелешки за предлогот поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу да биде министер за...

Македонија4 часа

Владата ќе дава грант од 10.000 евра за млади до 29 години за отворање на сопствен бизнис

Во Оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска: Доставивме документи до ДКСК, бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

СДСМ достави документи до Државната комисија за спречување на корупцијата и бара итна постапка за, како што велат, скандалозниот тендер...

Свет5 часа

Папата Лав: Плачот на мајките и на татковците што држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната

Папата Лав, денес, апелира за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас целосно да...

Македонија5 часа

Мицевски: Договорот со Обединетото Кралство во собраниска процедура, истoриски чин за Македонија

Во Собранието почна Комисијата за надворешни работи на Собранието каде точка на дневен ред е Предлог законот за ратификација на...

Македонија6 часа

Сопственикот на објектот е нов обвинет за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кон уште едно лице, кое исто така...

Свет8 часа

Зеленски пристигна во Берлин, Мерц му ветува посилна воена и политичка поддршка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денес, во Берлин, ќе разговара со германскиот канцелар Фридрих Мерц, соопшти германската влада, како дел од...

Топ8 часа

Приведено лице барано по две централни потерници

Полицијата приведе криминалец кој е бара по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и...

Свет8 часа

Трамп: Канада може бесплатно да се приклучи на ракетниот штит „Златна купола“ ако стане американска држава

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека Канада може да се приклучи на планираниот американски противвоздушен одбранбен штит, познат...

Македонија9 часа

Сиљановска-Давкова во посета на Казахстан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од вчера престојува во работна посета на Република Казахстан каде што денеска ќе оствари средба со претседателот...

Македонија21 час

Арсовска: „Храбриот“ Меџити наместо да дојде во Чаир заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, промовира туѓи проекти

Изет Меџити наместо да дојде во Чаир, таму каде што е најповикан заедно со неговата „принцеза на дивоградбите“, тој се...

Македонија1 ден

Припадниците на „Беланоца- Барон“ се гонат за убиства, палење на автомобили на службеници од „Идризово“, изнуда на пари од фирми

Обвинителството поднесе обвинение против девет припадници на организираната криминална група „Беланоца- Барон“ за повеќе тешки кривични дела извршени во период...

Македонија1 ден

„Ер тракторите“ се на сервис, недостигаат пилоти и опрема – Ангелов верува дека ќе се справи со слабостите во ДЗС

Новоназначениот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, пред новинарите зборуваше за агонијата со којашто се соочува оваа...

Македонија1 ден

Изнајмување електричен автомобил ќе чини 22 денара за километар и 5 денари за минута, Божиновска и Меџити направија сефте возење

Од денес во Скопје може да се изнајми електричен автомобил за 22 денари за километар додека вози и 5 денари...

Македонија1 ден

Меџити убеден дека информатичарот Азир Алиу ќе се снајде и во Здравство: Министерот треба да биде добар менаџер, Алиу е најдобар предлог   

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити смета дека докторот по информатички науки и поранешен министер за информатичко...

Македонија1 ден

Филипче: Британскиот заем е како да подигнам кредит со вашата лична карта, па од утре да плаќате камати, а не сум ви кажал ништо

Власта со целосно погрешни економски политики ја води државата во погрешен правец, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија1 ден

За изборот на нов министер на местото на Таравари се чека предлогот од Владата, Гаши уверува дека мнозинството е стабилно

Премиерот треба да го предложи новиот министер за здравство, кој ќе го замени Арбен Таравари. Кога ќе дојде на дневен...

Македонија1 ден

(Фото) Ангелов му ја предаде директорската функција во ЦУК на Мухамед Аљи: Верувам дека ќе биде тешко да го следи моето работно темпо

Денеска, во 10 часот, во просториите на ЦУК ја предадов функцијата директор на ЦУК на Мухамед Аљи, кој на оваа...