Македонија
Пуштена во употреба скопската обиколница

Отворена е за сообраќај северната обиколница околу Скопје, која треба да го намали градскиот сообраќаен метеж до 30 отсто
Отворена е за сообраќај северната обиколница околу Скопје, која треба да го намали градскиот сообраќаен метеж до 30 отсто.
Обиколницата е во должина од 26,7 километри, со 9 клучки за поврзување на попатните населени места и 22 моста – надвозници.
За нејзина изградба се потрошени околу 150 милиони евра, обезбедени од кредити и од буџетот.
“Овој автопат ќе има огромно значење за пренесување и за пренасочување на транзитниот сообраќај исток-запад, со што ќе се овозможи значајно растоварување на сообраќајот на градот Скопје, што ќе има повеќе позитивни импликации по градот, меѓу кои и директното влијание на заштитата на животната средина“, изјави премиерот Никола Груевски, на свеченоста по повод пуштањето на во употреба на обиколницата, кај клучката Хиподром./крај/форум/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: Чаир не е средство за враќање на власт на оние кои денес тагуваат во опозиција и мислат дека преку победа ќе се вратат во владата

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, вечерва на централниот митинг во Чаир им се заблагодари на сите активисти и граѓани за нивната постојана поддршка за време на целата изборна кампања.
„Вечерва не сум тука ниту да зборувам за нашите проекти во Чаир, затоа што, каде и да се движите низ Чаир, зборува нашата работа, зборуваат машините кои работат во нашиот Чаир. Затоа, сè што би рекол за тоа што правиме за нашиот Чаир би било помалку од она што реално се случува како промена денес во Чаир.
Вечерва на завршницата на оваа кампања, сум овде за да ви кажам дека оваа битка ги надмина димензиите на една обична локална изборна трка. Нашите политички противници сакаа да нè предизвикаат во Чаир, да нè поразат во Чаир, мислејќи дека ќе се повлечеме. Иако имавме многу момци и девојки кои ќе ја водеа оваа битка со успех, како и секогаш, јас ја прифатив оваа одговорност и побарав разбирање од пријателите во ВЛЕН за да се кандидирам лично.
Сакав честа на Чаир да ја преземам врз себе и да им покажеме на сите дека Чаир не е трамполина за спас на политичките кариери на истрошените политичари од Зајас. Чаир не е ниту средство за враќање на власт на оние кои денес тагуваат во опозиција и мислат дека преку победа во Чаир ќе се вратат во владата“
На 19 октомври, порача Меџити, некои од нив ќе бидат испратени во политичка пензија, а некои во историјата.
„Нашата победа во Чаир има врска со честа на Чаир. Затоа што јас не сум во трка со Бујар
Османи, туку со Али Ахмети од Зајас.
Втората работа што сакам да ви ја кажам е дека се вратив да се кандидирам во Чаир за да ја претворам нивната замисла за Чаир како запоставена гето општина, во Чаир од нашите соништа. Во изминатите 15 месеци во извршната власт, владата ВЛЕН насочи кон Чаир десетици проекти и околу 100 милиони евра инвестиции, со што Чаир од периферија го претвораме во центар на градот.
Битката во Чаир не е само борба за тоа кој ќе ја управува оваа општина во следните четири години. Оваа битка ќе ја одреди и политичката иднина на Албанците: дали ќе се вратат оние што владееја со ароганција и завршија на црните листи или ќе продолжиме ние да владееме со елеганција и да бидеме на светлите страници на нашата историја“, кажа Меџити.
Во Чаир, како што истакна, се води битка за сите населени места, од Липково до Струга.
„Затоа оваа кампања ја водев внимателно, со идеи и програма, а не со навреди и омаловажувања. Ја прифатив улогата на слуга на народот и подготвен сум до крај да работиме“.
Македонија
Марковски: Можеме да ставиме крај на хаосот, партизацијата, безредието и апатијата во Скопје

„Диши, диши – јавно здравје во хаотичен град“ беше последното предавање во рамки на кампањата за овие локални избори на Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.
На овој час се дискутираше за аерозагадувањето како еден од најгорливите проблеми во Скопје.
Ирина Ангеловска, специјалист пулмолог, се осврна на причините за аерозагадувањето и последиците по општото здравје. Таа ја истакна и потребата од преземање на континуирани мерки од институциите, но и од секој поединец: носење маски, намалена употреба на штетни возила, да не се гори отпад, контрола на квалитетот на воздухот, доследно спроведување на законските решенија.
Марковски ги претстави дел од мерките за справување со овој проблем. Според него, аерозагадувањето не може да се реши преку ноќ, но можеме да преземеме мерки и политики кои ќе ни помогнат во негово намалување.
– Скопје мора да стимулира алтернативен превоз, а не возење на автомобили. Планираме воведување и набавка на еко – автобуси и такси возила. Исто така, по одредени студии имаме околу 80.000 домаќинства кои се греат на горива кои загадуваат. Овие граѓани, домаќинства мора да ги поддржиме во промената на начинот на греење, но да не ги заборавиме и другите загадувачи: индустрија, возила и сл.
Вера Јовановска Типко, специјалист психијатар се осврна на менталното здравје во еден хаотичен град. Таа истакна дека сообраќајниот хаос е еден од главните стресогени фактори и затоа е потребно дестимулирање на возењето автомобили на дневно ниво.
– Хаос, катастрофа, лудило, немир, недоверба, гнев, страв, нема спас се само дел од зборовите и фразите кои ги користат граѓаните на дневно ниво за да го опишат своето живеење во Скопје, посочи Јовановска Типко.
„Во недела можеме да ставиме крај на хаосот, партизацијата, безредието и апатијата. Гласај за 128 за градоначалник на Скопје – Горан Марковски и 35 за советничката листа за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска“.
Македонија
(Видео) Филипче: Изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски

„На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните,“ порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од трибината во Бутел.
Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага, кандидати и кандидатки, како што вели, со интегритет и кредибилитет.
„Јас знам дека Оливера за Бутел и Каја за Скопје се вистинскиот избор, силни жени, борци, докажани во својата професија, жени кои искрено и чесно ќе застанат зад граѓаните и нивните потреби“, рече Филипче.
Тој потсети дека општините се најблиската власт до граѓаните и дека токму затоа таму е најважно да се изберат чесни и одговорни претставници.
„Општините се првиот контакт на секој човек со било која власт и тука не смее да има поделби. Тука не смее да се изберат послушници на Мицкоски кои работат само по директиви на партијата“, нагласи лидерот на СДСМ.
„А, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нуди токму такви кадри, бирани по теркот и меракот на претседателот, а не на граѓаните“, додаде Филипче.