Македонија
Славески не ја исклучи можностa од влез во рецесија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/2e8071ef-ce24-4dec-b1d5-5149f3ac957c.jpeg)
Министерот за финансии Трајко Славески денеска не ја исклучи можноста од влез во рецесија
Министерот за финансии Трајко Славески денеска не ја исклучи можноста од влез во рецесија, прогнозирајќи дека стапката на раст во вториот квартал ќе биде околу нулата, јавува Макфакс.
„Официјалните податоци за брутодомашниот производ (БДП) за вториот квартал ќе треба да ги почекаме седумдесетина дена. Сега е тешко да се шпекулира. Мислам дека и вториот квартал стапката на раст ќе биде некаде околу нулата“, изјави денеска Славески по потпишувањето на два важни договори со Европската инвестициона банка.
Славески истакна дека треба да се имаат предвид и актуелните околности, како што е влијанието на светската економска криза, но и силниот втор квартал од 2008 година, кој ќе биде сега предмет на споредба.
Тој појасни дека доколку македонската економија оствари раст нешто над нулата, државата нема да влезе во рецесија.
„Но доколку имаме барем малку негативна стапка и во вториот квартал, а тоа ќе го знаеме во средината на летото, може да се види дека и Република Македонија била под такви околности во рецесија“, рече Славески.
Според него, стапката на опаѓање на брутодомашниот производ (БДП) во првите три месеци секако дека е неповолен факт, но таа е една од најниските во споредба со останатите земји и е ефект на глобалната економска криза во Македонија.
Славески истакна дека не е запознат со изјави на други владини функционери, кој изјавија дека најлошото поминало, но сепак изрази оптимизам дека треба да се очекува подобрување на состојбите.
„Она што треба да се очекува за во иднина се навестувањата од престижните институции дека се очекува рецесијата во светот да заврши до крајот на годината и да има заздравување, кое ќе биде подолгорочно во текот на 2010 година. Тоа е поволна вест за Македонија“, истакна Славески.
Според негово мислење, мерките кој што македонската влада ги презема веќе покажуваат дека се ефективни од аспект на ублажување на острите негативни последици што може да уследат од светската економска криза.
Министерот за финансии информираше дека приливот на буџетските приходи се одвива согласно планираното со ребалансот на буџетот. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.