Македонија
МПЦ загрижена поради отпорот за изградба на црква во Скопје
Синодот на Македонската православна црква(МПЦ) е загрижен од креирањето на јавно мислење за отпор кон возобновување на црквата
Синодот на Македонската православна црква(МПЦ) е загрижен од креирањето на јавно мислење за отпор кон возобновување на црквата „Свети Константин и Елена” во центарот на Скопје.
„Сето она што ни е блиску – го лоцираме во центарот, а не на маргините на нашето битисување“, се вели во соопштението.
Синодот се оградува и ги осудува сите насилни дејствија како начин на решавање на прашањето за градење или неградење на црква на плоштадот „Македонија” во Скопје.
Според МПЦ, беспредметна е и секоја расправа која предизвикува поделба околу тоа дали ние сме со античко, словенско или друго потекло.
„Сите конститутивни елементи кои го сочинуваат битот и историскиот идентитет на македонскиот народ се втемелени и преобразени во Христијанството, за да низ вековите бидат инкорпорирани во христијански идентитет, кој е толку многу карактеристичен за она што ние денес сме“, се вели во соопштението на МПЦ.
Светиот архиерејски синод уште еднаш изразува жалење заради укинување на веронауката во образовниот систем и дава поддршка на Министерството за образование за воведување на предметот етика на религиите како изборен предмет во редовното образование. /крај/мпц/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

