Македонија
Нема средба Милошоски-Бакојани на Крф
Нема средба меѓу шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и неговата грчка колешка Дора Бакојани на маргините на дводневната министерска
Нема средба меѓу шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски и неговата грчка колешка Дора Бакојани на маргините на дводневната министерска средба на ОБСЕ на Крф.
Причина е презафатеноста на Бакојани, јавија медиумите, додавајќи дека таа и Милошоски ќе се сретнат, кога шефицата на грчката дипломатија ќе дојде во посета на Скопје, во својство на претседавач на ОБСЕ, но кога ќе и дозволи нејзиниот распоред.
„За жал, поради презафатеност, како што ни беше соопштено од грчката страна, не се оствари средбата со колешката Бакојани“, изјави Милошоски, додавајќи дека ја повторил поканата средбата да се случи кај нас при посета на ОБСЕ мисијата на Македонија.
Бакојани на конференција за новинарите на Крф рече дека ќе го посети Скопје кога тоа ќе и го дозволи распоредот и со државното раководство ќе разговара за отворените прашања меѓу двете земји.
Милошоски на маргините на неформалниот министерски состанок на земјите членки на ОБСЕ, што завршува денеска имал билатерални средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Шведска, Холандија, Финска и Белгија.
Во своето обраќање пред министрите на ОБСЕ, Милошоски рече дека Македонија останува посветена на концептот на соработка и ефективна поддршка за заедничка безбедност на целата евроатлантска област.
Ова е прв состанок од ваков тип во рамките на ОБСЕ. Министрите за надворешни работи и други претставници на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, чиј претседавач е Грција, разгледуваа прашања поврзани со современите безбедносни притисоци со кои се соочува Европа.
Во рамките на неформалниот состанок, кој започна синоќа се одржа и средба Русија-НАТО./крај/те/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

