Македонија
Македонските таксисти лани превезеле близу 36 милиони патници
Регистрираните такси возила во Македонија во изминатата 2008 година превезле над 35,8 милиони патници, при што биле изминати повеќе од 89 милиони км
Регистрираните такси возила во Македонија во изминатата 2008 година превезле над 35,8 милиони патници, при што биле изминати повеќе од 89 милиони километри.
Ова денеска го објави Државниот завод за статистика, додавајќи дека со истражувањето се опфатени 2.385 патнички автомобили од 131 единица.
Просечно, во текот на годината, секое такси возило поминало по 37.334 километри, а еден патник просечно е превезуван на растојание од 2,5 км. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Битиќи: На мала врата се туркаат законски измени кои ќе им наштетат на земјоделците
„Кога Владата на СДСМ со законски мерки гарантираше обработливата земја да не може да се продаде како градежно земјиште, опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ блокираа и бурно реагираа, а сега истите тие носат катастрофални измени на законот со кои лесно ќе ги направат сите тие трансформации меѓу категориите државно земјоделско земјиште, создавајќи реална можност да станат нечија приватна сопственост. Но ве уверувам, дека последиците од овие измени, усогласени со некои закони од сегментот на градба и инфраструктура, но неусогласена со сите други ќе нанесе штета на земјоделците“, предупреди пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, на расправата во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Пратеникот Битиќи предупреди дека по скратена постапка се носат законски измени со кои суштински се менува начинот на кој ќе функционира Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и начинот на распределба на земјоделското земјиште.
„ Со измените се овозможува продолжувањето на концесии да може да се направи директно, што е суштински проблематично во владеењето на правото, се што е директно преговарање е проблематично за мене“, рече Битиќи.
Во дискусијата пратеникот од СДСМ Битиќи предупреди дека со предложените измени ќе се изврши концентрација на моќ во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на распределба на државно земјиште.
„Навидум изгледа дека кратењето на една позиција во Владата, вицепремиер за економија, и менувањето на еден член не менува ништо. Но од друга страна, со тој член се зголемуваат ингеренциите на министерството за земјоделство, се концентрира моќ и тоа ќе одлучува за сè во државата. Елиминирањето на можноста за договарање во начинот како се распределува земјоделското земјиште не беше направено од претходната влада, туку од неколку влади наназад, и тоа поради заштита од концентрација на моќ. И за жал, што правиме ние сега, се враќаме дваесет години наназад, кај што ќе имаме можност тројца од иста институција, од иста канцеларија, да седнат и да кажат дека некој им се „допаѓа“, па ќе му се додели земјиште. Концентрацијата на моќ е болната точка на овие измени“, рече Битиќи и појасни дека носењето на суштински измени треба да оди во редовна процедура за да има дијалог, за на крајот на денот да се елиминираат сите евентуални дилеми.
Македонија
Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Матејче, приоритет се граѓаните и нивните потреби
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Матејче ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од липковско до услугите на МВР .
Министерот Тошковски потенцираше дека отворањето на канцеларијата, втора по ред за само неколку дена, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.
„Денес овде во Матејче, во липковско отвораме нова канцеларија на управните служби на МВР која ќе биде составен дел од полициското одделение. Овој тип проекти кои се дизајнирани да овозможат подобра услуга и позадоволни граѓани, да можат да ги добијат своите услуги во рамки на општината во која живеат. До денес граѓаните на Општина Липково ова право можеа да го остварат во рамки на Општина Куманово а од денес ќе можат да си ги остварат своите права во рамки на својата општина, додека ќе дојде до намалување на гужвите во Општина Куманово.“, потенцираше министерот Тошковски.
Оваа, втора канцеларија за само неколку дена, претходната беше во Јегуновце, ќе овозможи пристап на над 25.000 граѓани од липковскиот регион побрзо вадење на личен документ и услуги кои ги нуди. Побрзиот и поефикасен пристап до услугите е поквалитетен живот за граѓаните, што е наша определба на новото раководство на МВР.
Македонија
Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност
Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат. Владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за се друго е целосно нефункционална, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги одложуваат реформите и создаваат атмосфера на неизвесност и поделеност.
Граѓаните очекуваат мерки за справување со скапиот живот, очекуваат повисоки плати, проекти, а тие се расправаат преку медиуми. Ова ја потврдува реално нивната неспособност.
Воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не, тој на крај резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чуствата на граѓаните.
Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат.
Во јавност се караа на маса ги делеа бизнисите. Но ВМРО-ДПМНЕ поинаку и не знае да владее освен да одржува некоја тензија постојана што е огромна штета за граѓаните“, рече Кузеска.