Македонија
Реакции на оставката на вицепремиерот Боцевски
Македонскиот вицепремиер Ивица Боцевски вчера поднесе оставка на функцијата потпретседател на Владата задолжен за евроинтеграции
Македонскиот вицепремиер Ивица Боцевски вчера поднесе оставка на функцијата потпретседател на Владата задолжен за евроинтеграции.
“Мојот придонес во актуелната влада веќе е целосно исцрпен и затоа ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка“, наведе Боцевски во оставката што ја достави до премиерот Груевски, а кој веднаш ја прифати.
Според неофицијални информации, Боцевски е главен кандидат за амбасадорското место во Норвешка, иако извори во МНР посочуваат дека оваа вест е неоснована.
Медиумите денеска шпекулираат за тоа дали оставката на Боцевски е потврда за најавите на владина реконструкција или пак, тоа е пораз на политиката на актуелната влада околу ЕУ интеграциите.
“Се разбира, никој не верува ниту дека оставката на Боцевски е случајна. Во делот на образложението за повлекувањето тој вели дека неговата улога како вицепремиер е исцрпена, иако е јасно дека Македонија се наоѓа на половина пат до Брисел. Визниот режим се уште не е укинат ниту, пак, е направен чекор напред во извештаите од ЕК и добивање датум за преговори“, пишува денешен “Утрински весник“.
Некогашниот член на левицата и поранешен владин портпарол најверојатно имал одредени опструкции од министрите на ВМРО-ДПМНЕ.
“Според одредени информации, како вицепремиер Боцевски имал опструкции од сите министри на ВМРО-ДПМНЕ и кај нив не поминувал неговиот концепт на реформи што се неопходни за евроинтеграциите“, објави денеска весникот “Дневник“.
Од друга страна, најавите за владина реконструкција се повеќе се актуелизираат со оставката на Боцевски, иако според прогнозите, можно е некои министри сами да си поднесат оставка за да премиерот избегне класична реконструкција.
“Долг период се најавува дека министрите Михајло Маневски, Перо Стојановски и Трајко Славевски се први на удар кои “сами ќе се поднесат оставки“, додава “Дневник“.
Истиот извор наведува дека од министрите на ДУИ се споменуваат имињата на Муса Џафери, Џељал Бајрами и Фатмир Бесими.
“При евентуалните рокади на министерските места, се споменува дека ДУИ ќе ги добие ресорите за транспорт и врски и култура. Во тој случај министерот Миле Јанакиески би седнал во фотелјата за финансии“, заклучува весникот./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сали-Ортиз: разговарано за европската политика, економијата, образованието и културата
Првиот заменик-председател и министер за европски прашања на Северна Македонија, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз.
За време на средбата се дискутираа блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Шпанија, како и можностите за проширување на соработката во различни области, вклучувајќи ја европската политика, економијата, образованието и културата.
Посебен фокус беше ставен на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, со акцент на важноста од напредокот во реформите и исполнувањето на европските критериуми.
Исто така, на средбата се разгледа и реформската агенда која е во тек, со цел зајакнување на институциите, транспарентноста и подобрување на инвестициската клима, поставувајќи ја земјата поблиску до стандардите на Европската Унија. Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на соработката и зајакнување на стратешките односи меѓу двете земји.
Македонија
По ревизорскиот извештај, Обвинителството отвори предмет за Општина Охрид
Јавното обвинителство отвори предмет по извештајот на Државниот завод за ревизија за Општина Охрид, во кој утврди дека се граделе хотели и куќи без дозволи, дека општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, а утврди и неправилности и во финансиското работење на општината.
„Државниот завод за ревизија на 19.12.2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки“, соопштија од ЈОРМ.
Ревизијата утврди дека општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, а во дел од населените места се изведени градби и градежни активности за индивидуално домување и хотелски комплекс без платен надоместок за уредување на градежно земјиште и без издадени одобренија за градење.
Македонија
(Видео) Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на одговор на новинарско прашање информираше дека следува ново задолжување од 300 милиони евра, a државата е соочена со голема криза.
„Следи ново задолжување од триста милиони евра, ќе слушнете наскоро. Мора да се пополнат нови дупки во буџетот. Сум за принципиелна поддршка на барањата на било која група на граѓани во државава, на луѓето им е потребна помош. Гласот на работниците и на синдикатите треба да биде слушнат“, рече Филипче.
Тој, потенцираше дека и во време на најголеми кризи, владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија имала континуиран раст на платите.
„Ако за период од седум години минималната плата се дуплирала, пораснала просечната плата, тоа значи дека имало добри економски политики. И тоа се аргументира, имаше странски инвестиции. Во последната година од нашето владеење, странските инвестиции беа близу милијарда евра. Сега ги нема. Сега се десеткувани. Компаниите заминуваат од земјава. Соочени сме со голема криза“, нагласи Филипче.

