Македонија
Хелсиншки: Тупурковски немаше фер судење
Судскиот процес против Васил Тупурковски и Јован Андонов е пример за негативните состојби во правосудството: реформите се наполно заглавени
Судскиот процес против Васил Тупурковски и Јован Андонов е пример за негативните состојби во правосудството: реформите се наполно заглавени, ја нема целта – самостојно и независно правосудство, способно одолее на притисоците од политиката.
Хелсиншкиот комитет ова го наведува во анализата на судењето за кредитите од Тајван.
„Имаме процес на внатрешно трулење на правосудството, процес во кој од една страна владее страв, од друга имаме бројни манифестации на речи си елементарна професионална неписменост комбинирана со огромна количина енергија и ентузијазам да им се служи на партиски интереси и цели“, се наведува во анализата.
„Обвинението против Васил Тупурковски, што судот во целост го прифати, имено дека префрлал пари од тајванската кредитна линија до крајните корисници, е целосно неточно и правно неосновано“, смета Хелсиншки.
– Агенцијата за обнова и развој е формирана со одлука на македонската влада и е во нејзин состав. Агенција е владино тело без статус на правно лице. Со одлуката, Васил Тупурковски, освен што е именуван за директор, не добива никакви други овластувања, наведува комитетот.
Прифаќајќи го во целост Обвинителниот акт, Судот ги заобиколил фактите кои недвосмислено одат во прилог на обвинетите, со што на драстичен начин ги повредил основните човекови права на обвинетите, неовозможувајќи им фер судење.
Тупурковски и Андонов во април се осудени на три, односно две години затвор за злоупотреба на 170 милиони денари, поради злоупотреба на кредитите од Тајван, бидејќи како функционери во АОР потпишале штетни договори за заеми со неколку компании./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

