Македонија
Македонија отвора конзулат во Германија

Македонија ќе отвори Почесен конзулат во Германија, со седиште во Нирнберг, одлучи Владата на последната седница
Македонија ќе отвори Почесен конзулат во Германија, со седиште во Нирнберг, одлучи Владата на последната седница.
За почесен конзул е именуван Герхард Кругер, реномиран германски доктор кој има македонско потекло, а дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје.
Кругер е иницијатор на низа проекти за соработка помеѓу двете држави, особено од областа на здравството и туризмот.
Како заслуга за неговите досегашни активности, посебно за приближување на збратимените градови Скопје и Нирнберг, Кругер е добитник на наградата “13 Ноември” , се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со фалсификати две лица пререгистрирале ловечко друштво, па издавале дозволи за лов без печат и потпис

Полицијата поднесе кривична пријава против И.А.(52) од струшкото село Лабуништа и против А.Џ.(35) од селото Подгорци поради фалсификување исправа и измама.
Од МВР велат дека во текот на 2024 година, со намера да пререгистрираат и присвојат ловечко друштво од Вевчани, пријавените почнале да собираат потписи и изготвиле лажни изјави од лица од околните села, набавиле фалсификувана исправа и печат на непостоечко здружение и фалсификувале потписи на негови членови.
Истите документи, како што информираа од полицијата, без да бидат заведени на нотар, ги приложиле во Централен регистар во Тетово, каде без да се изврши преглед на доставената документација и спротивно на закон, било издадено решение за промена на статутот, по што го пререгистрирале ловечкото друштво.
После тоа, пријавените започнале да управуваат и да издаваат дозволи за лов без печат и потпис.
Македонија
(Видео) Крадец снимен како го ограбува манастирот „Успение на Пресвета Богородица”

Непознато лице го ограбило манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обрштани, Кривогашатани. На снимката од безбедносните камери се гледа машко лице со маска на главата како краде пари од манастирот.
„Во текот на ноќта манастирот ‘Успение на Пресвета Богородица’ е ограбен. Секој што ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор“, повикаа од манастирот.
Македонија
Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група се Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Липково, Пробиштип, Валандово, Росоман, Боговиње, Врапчиште, Маврово Ростуше, Теарце, Дебар, Струга, Битола, Крушево, Долнени.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински рече дека 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, додека 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума.
Владата апелира уште еднаш до сите локални самоуправи да ја искористат можноста и да го запазат законски предвидениот рок за пријавување до 30 април.