Македонија
НСДП останува на предлогот за Влада за национален спас
Нова социјалдемократска партија соопшти дека премиерот Никола Груевски доставила предлог за формирање на Влада на национално единство
Нова социјалдемократска партија соопшти дека премиерот Никола Груевски доставила предлог за формирање на Влада на национално единство
НСДП продолжи да работи на оваа идеја и покрај тоа што предлогот минатата седмица го одбија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Нова социјалдемократска партија предлага формирање на Влада на национално единство, која би била составена од претставници на релевантни политички партии што се застапени во Парламентот, но и надвор од него“, се наведува во писмото од претседателот на партијата, Тито Петковски до премиерот Груевски.
„Фактите говорат дека Вашата Влада, во овој исклучително значаен период од поновата историја на Македонија, нема капацитет потребен за да се справи со внатрешните проблеми на земјата и со нејзините меѓународни предизвици“, пишува Петковски, според кого предлогот произлегува од влошените севкупни состојби во Македонија, од очигледната дезориентираност на Владата, како на внатрешен, така и на надворешно-политички план.
„НСДП Поаѓајќи од потребата за единство, внатрешна кохезија, политички и етнички консензус околу суштинските прашања, предлага Влада на национално ( државно) единство, како предуслов за справување со тие предизвици“./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

