Македонија
Син осомничен за убиство на татка си
Енвер Х. (60) од тетовското село Одри, вчера попладне околу 18.30 часот бил убиен во непосредна близина на неговиот дом
Енвер Х. (60) од тетовското село Одри, вчера попладне околу 18.30 часот бил убиен во непосредна близина на неговиот дом, јави дописникот на Макфакс.
Убиството се сомничи дека го извршил неговиот 30 годишен син Ј.Н., кој најверојатно со неколку удари со чекан по главата му нанел смртни повреди од кои веднаш починал.
Два часа претходно, убиениот Е.Н. со синот се упатиле кон нивната нива со намера да го поплочат патот до неа со бекатон плочи. При тоа, двајцата со себе понеле и градежен алат. Што се случило помеѓу нив потоа, засега не се знае.
Според полицијата, безживотното тело на Е.Н го пронашле неговиот брат и сопруга, кои го забележале на земјениот пат покрај голема локва од крв , по што го подигнале од местото и го однеле во куќата. Веднаш е повикан лекар од селото, кој констатирал смрт.
Случајот нешто подоцна во Полициското одделение Теарце го пријавиле најблиските на Е.Н.
Екипа од СВР Тетово, дежурен истражен судија и заменик-јавен обвинител вчера извршија увид на местото на убиството. Осомничениот Ј.Н е приведен додека се миел на чешмата во дворот и се работи на целосно расветлување на поединостите. На неговата облека и обувки , како и на чеканот, пронајдени се траги од крв и други материи, кои се испратени на вештачење.
Со наредба на истражен судија, телото на Е. Н денеска е прeдадено на обдукција./крај/сс/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

