Македонија
Конкурс за избор на прв човек на НЛБ
Најголемата словенечка банка НЛБ идната недела ќе објави конкурс за избор на претседател на управниот одбор
Најголемата словенечка банка НЛБ идната недела ќе објави конкурс за избор на претседател на управниот одбор.
Конкурсот ќе биде објавен во словенечките весници, како и Фајненшал тајмс, каде што ќе бидат објаснети и условите.
Во состав на групацијата НЛБ е и македонската НЛБ Тутунска банка./крај/фи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Затворен за сообраќај магистралниот пат Битола-Прилеп поради сообраќајка
Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка„Лагово“.
Патот е затворен за сообраќај.
Македонија
Во Собранието седници на три комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет, Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија се две точки – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со европско знаме и по скратена постапка.
Скопје
Делови од Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
-Во период од 10:30 – 11:00 часот, дел од корисниците на место.наречено Присојница – Горно Нерези во општина Ѓорче Петров
– Во период од 09:00 – 12:00 часот, дел од булевар Борис Трајковски (кај Вардар мебел) во општина Кисела Вова.