Македонија
Солана во посета на Македонија
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска треба да пристигне во Македонија
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска треба да пристигне во Македонија, во рамки на турнејата по западен Балкан.
Во рамки на посетата, Солана ќе има средби со премиерот Никола Груевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на опозициониот СДСМ Бранко Црвенковски.
Попладне Солана ќе отпатува за Косово, а турнејата ќе ја заврши во среда во Подгорица.
Пред да замине на турнејата по западен Балкан, Солана во неделата порача дека овој регион е подрачје од животна важност за Европската Унија (ЕУ), пренесува Макфакс.
„Европската перспектива на тој регион е јасна и јас секогаш сум ги поддржувал напорите на земјите од тој регион да се вклучат во Унијата. Европската перспектива на регионот е најдоброто за сите земји кои го сочинуваат и исто така за Европската унија“ изјави Солана за агенцијата Бета.
Одговарајќи на прашање, дали во ЕУ постои „замор“ од ветениот процес на проширување и приемот на нови земји од западен Балкан, Солана рече дека „безбедна, стабилна и прогресивна Европа, која живее во мир и која во своите редови ќе го вклучи западниот Балкан, е стремеж на големо мнозинство Европејци“, пренесува Макфакс.
„Процесот на вклучување на Балканот (во ЕУ) само што започна и не верувам дека засега може да се воочи каков и да е “замор“. Има уште доста да се направи, но резултатите од тој напор ќе вредат“, изјави Солана./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

