Македонија
Космофон и ОнНет со заеднички пакет на пазарот
Прва заедничка понуда на пазарот под името „AlloNet“ воведоа од денеска компаниите Космофон и ОнНет, кои се во сопственост на Телеком Словенија
Прва заедничка понуда на пазарот под името „AlloNet“ воведоа од денеска компаниите Космофон и ОнНет, кои се во сопственост на Телеком Словенија.
Новата понуда се состои од безжична фиксна линија од Космофон и безжичен АДСЛ интернет приклучок од ОнНет.
Корисниците можат да одберат еден од двата тарифни модели AlloNet 899 и AlloNet 1099, со единствена тарифа преку целиот ден и многу ниска цена за повици кон броевите на ОнНет или на Космофон.
Пакетот AlloNe 899 се добива со вклучени 200 минути за разговор и вклучени 10 ГБ за 899 денари, вториот пакет AlloNet 1099 вклучува 300 минути за разговор и 30 ГБ./крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

