Македонија
Fenix Energy поднесе жалба на одлуката за отварање на стечај за Сведмилк
Fenix Energy USA LLC поднесе жалба за одлуката на судот за отварање на стечајна постапка за Сведмилк Македонија
Fenix Energy USA LLC поднесе жалба за одлуката на судот за отварање на стечајна постапка за Сведмилк Македонија.
„Нашата жалба до судот се базира врз неколку факти. Fenix Energy USA LLC сака Swedmilk да работи и да не биде ликвидиран, а досега стечајниот управник не најде начин фабриката да започне со работа. Ваква фабрика е единствена во регионот“, се наведува во изјавата на претседателот на управата на компанијата, Моше Баум.
„Како доказ дека сме способни да работиме со фабриката на судот му доставивме – Договор потпишан со Пегасис институтот од Италија во вредност од 21 милион евра… Исто така дадовме доказ за добиен тендер во Африка од една тамошна Агенција за развој. Од тендерот Сведмилк месечно ќе добива 1 милион евра. Сите овие докази покажуваат дека нашата намера за Сведмилк е чист бизнис интерес, иако во македонската јавност има друго мислење за нашата Групација“, вели Баум./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

