Македонија
Бензините поевтинија 2,5 денари, дизелот три

Малопродажната цена на бензините денеска поевтини за 2,5 денари, цената на дизелот се намали за три, а на екстралесното за 3,5 денари
Малопродажната цена на бензините денеска поевтини за 2,5 денари, цената на дизелот се намали за три, а на екстралесното за 3,5 денари.
Новата цена на Еуросупер-95 изнесува 58,00 ден/лит, на Еуросупер-98 59,00 ден/лит, на Еуросупер БС-95 изнесува 59,50 ден/лит и на Еуросупер БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.
Еуродизелот (Д-Е V) се продава за 46,00 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 34,50 ден/лит
Малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС се намалија за 1,308 ден/кг, односно за 1,307 ден/кг, со што новата цената на мазутот М-2 ќе изнесува 23,099 ден/кг, а на М-1 НС 24,630 ден/кг./крај/со/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно време со локален дожд, а на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег, информира УХМР.
Пообилни врнежи ќе има од ноќните часови и во сабота, особено претпладне. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини.

Извор: УХМР
Максималната температура ќе се движи од 4 до 14 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 9 степени.
Македонија
Намалена видливост на патот кон Попова Шапка и на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките и наместа влажни коловози на пониските места, информира АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла има до 40 метри на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка и 60 до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март 200 година.
Македонија
Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да го примениме моделот на една изборна единица, вели премиерот Зоран Заев по блокадата на измените на Изборниот законик од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
Според Заев, самиот модел ја максимизира ефикасноста на изборите и им дава можности на помалку бројните партии да добијат мандати, нешто кое, како што вели премиерот, е многу значајно бидејќи сме мултиетничка држава.
Раководството на СДСМ го усогласи ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори во април следната година, место сегашните шест. И покрај очекувањето на СДСМ да нема амандмани и блокади, за предложените измени на Изборниот законик, Собранието добило неколку илјади амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Опозицијата доставила над 1.300 амандмани, а ДУИ – пет илјади. И од двете партии велат дека не можат да дозволат да се направат измени во Изборниот законик без консултација со најголемите партии.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми