Македонија
Македонија ќе ги дели искуствата со соседите

Реформите во визната либерализација се лекција дека кога ќе се добие статус се добиваат и привилегии
Реформите во визната либерализација се лекција дека кога ќе се добие статус се добиваат и привилегии.Ова денеска во Скопје го изјави шефот на македонската диломатија Антонио Милошоски на отворањето на Националниот визен центар, во присуство на дипломатски претставници во државата.“Македонија треба да ги дели своите искуства со другите соседи и држави во регионот, како што се БиХ, Косово и Албанија“, додаде Милошоски.Националниот визен центар е “линк“ меѓу дипломатските претставништва и владините институции и е финансиран со 1,2 милиони евра од CARDS програмата на ЕУ. Неговата практична имплементација започнува неколку дена откако Европската комисија (ЕК) препорача визна либерализација за македонските граѓани.“Го остваруваме патот на кој рака под рака ќе делиме заеднички цели“, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере, кој додаде дека “најголем дел од тој пат е изоден“.Според Фуере, македонската Влада треба да спроведе напори за исполнување и на останатите реформи во државата.“Ве охрабруваме во исполнувањето на бенчмарковите бидејќи се витални за иднината на државата“, додаде евроамбасадорот во Македонија.Шведскиот амбасадор Ларс Фреден изјави дека сепак, “никој не знае кога ќе заврши овој процес“, додавајќи дека шведското претседателство ќе направи се за да го забрза.Тој забележа и дека македонските Албанци ќе бидат “први Албанци што ќе уживаат во визната либерализација“, посочувајќи оти Албанија и Косово ќе треба уште да работат на реформите за визно олеснување./крај/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.
„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.
Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.
„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.
ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.
Македонија
Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.
ЦУК под водство на директорот Мухамед Али, побарал дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координирал со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствувала во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.
Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.
На лице место, заедно со директорот на ЦУК, Мухамед Али, беше и директорот на болницата, Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.